3.angeli.so.truba

о. Андреј Ткачов

Воскресение дома – крај на христијанството?

...ако ние не сме кадарни никој нема да ни верува дека Христос е роден од Дева..и дека Воскреснал од мртвите

Дури и за време на опсадата на Ленинград (Втора Светска војна) и колерата во Москва (19 век) сите цркви биле отворени. Ако Воскресение го прославиме дома ќе излезе дека сме уништиле сè, дека само од страв од смртта  ние сме одбиле вистински да веруваме во Победителот над смртта... Воскресение е празник на победатта над смртта. Навистина? Навистина! Христијаните се оние кои веруваат во Исус Христос, Синот Божји како победник над смртта. Оној Кој со Својата смрт ја победи смртта и Кој ни дарува живот. Навистина? Навистина! Затоа ние одиме во храмовите за време на Воскресението за да ја прославиме заедно Христовата победа над смртта. Навистина? Навистина!

hristos.voskresenie.jpg


Проектот: Воскресение дома (во самоизолација) е апсурден момент во кои христијаните се во ужас дека ќе се разболат и дека ќе умрат, и буквално само од страв за смртта одбиваат (се согласуваат) да ја празнуваат Христовата победа над смртта (во храмовите). Искрено да ви кажам, не можам да замислам поголем апсурд. Се потсетувам на зборовите на свети Григориј Палама кој ни вели дека, ако ние не сме кадарни (во верата) никој нема да ни верува дека Христос е роден од Дева. Се согласувам со него... И истиот Палама истото ни го вели сега, дека никој нема да ни верува дека Христос воскреснал од мртвите ако имаме само страв од смртта.

 

RU.CRKVA39


Во Москва во 1830 година, како и во 1845-1847 година кога во градот „надоаќале постојани бранови на колерата„, црквите не биле затворени, и никому не паѓало напамет да го празнува Велигден (само) дома.
Ако христијаните заради страв од смртта одбиваат да го прослават Воскреснатиот, тоа ќе биде крај на христијанството (онака како што досега го знаеме). А, ете можеби тоа и ќе се случи пред наши очи. Предложувам добро да размислите за тоа. Ако се срамиме сеуште сме живи...

 

За Преминпортал: С.Г.

12ти април 2020 лето Господово