karelin.jpg

4. Четвртата форма на владеење е – монархија.

Ова е најразумниот принцип во односите меѓу духовен отец и неговите чада. Монархија во нејзиното идеално значење бара разумност во управувањето и љубов спрема луѓето. Пред монархот сите се еднакви. Тој претставува највисока власт, но власт којашто не е ограничена со надворешни институции, туку со традиција. Зборот на духовниот отец треба да е неотповиклив, но истовремено и разумен и праведен. Човек кој исполнува заповед на монарх треба да знае дека тој постапува разумно и дека во таа заповед се содржи грижата за неговото богатство. Монархот е единствен владетел, но тој не ги игнорира советите и ги ислушува молбите, упатени до него. Во нашето време духовниот отец треба да постапува со своите чеда разумно и праведно, и на таа основа да бара послушание. Тој може да ги ислуша и да ги исполнува советите и молбите, но последниот збор е негов. При таква форма на односи, не е дозволено расправање, спорење и сл. Може да се побара објаснување за даденото благословение, но духовното чедо не смее самоволно да го менува или да го нарушува.

Впрочем, и тука има исклучоци. Монархот треба да се раководи од традицијата, а духовниот отец – од правилата на Црквата. Надвор од црковното Предание и од евангелските заповеди, духовното раководство ја губи силата – монархот се претвора во узурпатор. 

5. Деспотизам

Овој пристап се разликува од монархискиот во тоа што разбирањето на традицијата, доброто, и злото и сл., се заменуваат со личен диктат. Тука поимите справедливост и право отсуствуваат. Сè зависи од волјата на деспотот. Оваа форма може или да го уништи духовното чедо, или брзо да го исправи. Но, во наше време ова лекарство со силно дејство е несоодветно за слабите организми. Без особена благодат, којашто дејствува во духовниот отец, деспотизмот во духовниот однос просто би го осакатил духвното чедо. Без решеност за послушание од страна на духовното чедо, овој принцип исто така може да предизвика во него протест и да ја уништо желбата и за најмало послушание. Во древните времиња учителите прибегнувале кон средства со силно дејство. Тие давале тешки задачи, кошто речисии и не можеле да бидат исполнети, и кои понекогаш ì противречеле на здравата смисла, а учениците, посветувајќи се на послушност спрема старецот, подготвено ги исполнувале, и мошне брзо духовно напредувале. Преку таквото послушание човекот успешно се борел со демонот на гордоста, кој го потресува целиот свет. Денес нема ниту такви учители, ниту такви послушници. И послушанието во денешно време треба да се дава од страна на учителот со големо расудување и со запазување на принципот на целисходноста и справедливоста. Човековата гордост, минувајќи ги сите фази на болеста, се претворила во воспалена гнојна рана којашто страшно боли при секој допир. Затоа за духовниот отец е нужно трпение и сострадање, но исто така  и сила на волјата. Тој, слично на хирург, треба да има лесна, но цврста рака.

 

 Подготви:д-р Драган Михајловиќ

Извор: Фома


karelin1.jpg Архимандрит Рафаил (Карелин)

Однос меѓу духовниот отец и духовните чеда (1)

 

karelin.jpg Архимандрит Рафаил (Карелин)- Односот меѓу духовниот отец и духовните чеда (2)

 

  karelin1.jpg

Архимандрит Рафаил (Карелин)- Однос меѓу духовниот отец и духовните чеда (3)

 

Извор: Фома

Посети: {moshits}