3. Следниот вид управување, коешто денес станало доминантно во светот, е плутократијата, односно владеење на оние во чии раце е богатството.


Но, тука треба да се оградиме од некои нешта. Духовен отец со такви начини на раководење со духовните чеда не мора задолжително да е егоист и среброљубец. Тој, едноставно, смета дека луѓе коишто имаат богатство и власт, можат да ì бидат од полза на црквата, и затоа посебно ги третира. Тој сосема малку им посветува внимание на сиромашните, оправдувајќи се со тоа дека сиромашните полесно ќе се спасат, а богатите – потешко, и затоа е потребна поголема грижа и внимание спрема богатите. Тој ги поттикнува богатите да ја употребат својата власт за добро на црквата и на сиромашните; понекогаш организира нешто што наликува на дискретен „фонд“ за сиромашните. Ориентирањето кон личности со надворешна моќ и со позиција во светот, за духовниот отец се претвора во духовно поробување. Знаците на внимание и на услужливост, коишто ги покажува спрема богатите, го ставаат духовниот отец во улога на православен језуит, кај кого целите – благолепие на храмот, помош на сиромашните и сл. – се реализираат со сомнителни средства.

karelin1.jpgОние луѓе коишто во Црквата ја бараат вистинската правда, гледајќи го двојниот морал на свештеникот, неговиот различен однос спрема луѓето, може да почувствуваат заладување во срцето спрема самата Црква. Уште еднаш повторуваме: прагматик – воопшто не значи самобендисан. Језуитите често го жртвувале животот за своите идеи, а православниот и католичкиот језуит, дури и ако се борат еден против друг, сепак остануваат браќа според методите. Тоа додворување на богатите исто така е језуитска продажба на совеста во името на материјалните богатства, и тоа во очите на верниците ја компромитира Црквата повеќе одошто тоа го прават непријателите на христијанството. Непосредната околина веднаш му кажува на прагматикот со кого и како треба да постапува: кого треба радосно да го поздрави, како подостоен од другите, на кого треба да му се принесе столче за време на службата и сл. Прагматикот смета дека може и да ги прекрши црковните правила, ако од тоа имаат полза храмот или сиромашните: на пр., да се опее некрстен или самоубиец, за време на литургијата да се споменува иноверец и сл. Плутократот, во зависност од личниот карактер, може да биде скржав или дарежлив. Но неговата штедрост најчесто е насочена спрема оние коишто му се потребни. Во неговото опкружување најчесто сите се задоволни. Но, во таа средина речиси и нема духовен живот, главните сили се употребени за надворешни цели, Молитвите се заменети со поздравни телеграми во кои се објаснува огнената љубов; колку повеќе пожртвуваност, толку повеќе љубов. Тука строго се води сметка и се воспоставува прецизна скала на „вредности“. 
Таквиот начин на духовно раководење е невозможен без лажење, зашто лагата во таквите кругови е неизбежен атрибут: на лагата се гледа како на манифестација на мудрост. За таквите луѓе, колку и да е тоа чудно, црквата станува самодоволна величина, а не мистично Тело Христово: станува човечка институција во која грижите за убавината на храмот го затскриваат образот на Самиот Христос.
Плутократ може да биде шпекулант кој се стреми кон лично богатство, но може да биде и аскет кој му се препуштил на духот на славољубието и кој заборавил дека љубовта треба да биде соединета со правдата.
Ако демократскиот принцип во духовниот свет духовноста ја претвора во хаос, а аристократскиот - во романтика, плутократската фома претставува материјализација на духовниот живот.

 Подготви:д-р Драган Михајловиќ

Посети:{moshits}

 

karelin1.jpg Архимандрит Рафаил (Карелин)
Однос меѓу духовниот отец и духовните чеда
(1)

 

 

karelin.jpg Архимандрит Рафаил (Карелин)- Односот меѓу духовниот отец и духовните чеда (2)