Откако ќе ја завршиме улогата на Јуда, ќе јадеме, ќе пиеме, ќе живееме со ближниот, ќе го предадеме или ќе се откажеме од него заради некоја минлива страст, ситна или крупна пара што се арчи, или високо мислење за себе што пука како балон,

следно е улогата на судија - Понтиј Пилат т.е. се прогласуваме за невини за крвта и солзите што сме ги пролеале од другиот. И сето ова оти очите ни натежнале и не сме останале будни и не се молиме при внатрешната борба. Ако не беше Христос да нѐ поучи, кој ќе ни покажеше како треба.
"...љубовта - Христос, никогаш не престанува!" - Никогаш не се откажал од нас!

П.С. Појдете ако сте во можност слушнете ги во богослужбите зборовите од Стариот Завет, Апостолот и Евангелието, не се тоа приказни за таму некогаш и негде, туку токму за нашите животи и постапки и сето она што нѐ опкружува и го правиме.

 

Избор од ФБ страната на: о. Горан Стојчевски