Еден брат, кој немаше ревност, го молеше авва Антониј тој самиот да се помоли на Бога за него. Авва Антониј му одговори: „Ниту јас, ниту Бог, нема да се сожали на тебе, доколку ти самиот не се погрижиш за себе, и доколку не Му се молиш на Бога.“

+ + +

Дојдоа некои браќа кај свети Антониј, и му рекоа: „Дај ни поука како да се спасиме“. Старецот им одговори: „Го слушате Писмото? Тоа ви е доволно.“ Но, тие му рекоа: „Би сакале и од тебе, оче, да чуеме нешто“. Тогаш старецот им рече: „Во Евангелието е речено: Ако Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот.“ Тие му одговорија: „Не можеме да го направиме тоа“. Старецот им рече: „Ако не можете да го завртите другиот образ, барем истрпете го ударот по десниот“. „Ниту тоа не можеме“, одговорија повторно. „Ако и тоа не го можете, барем не враќајте на ударот со удар“. Тие рекоа: „Ниту тоа не го можеме“. Тогаш свети Антониј му рече на својот ученик: „Свари им нешто да каснат. Тие се болни“, а ним им рече: „Ако едно не можете, а друго не сакате, што ќе сум ви јас?“ Потребна е молитва (нивна, или нечија) за во нив да се разбуди духот на ревноста, односно волната енергија.

Од Добротољубието

Извор: http://pravoslavie.mk.