Не зборувај дека ѓаволот те присилува, оти тој при Второто пришествие ќе рече: "Тој и тој христијанин ме клеветеше зборувајќи дека сум го присилувал да греши, но јас не сум го присилувал туку тој сам имајќи слободна волја одлучил да направи грев!". Тогаш навистина ѓаволот ќе биде во право оти Бог го создал човекот како слободен и никој не може да ја присили неговата слобода, како што ни Бог не го присилува да чини добро, иако како Творец има право на тоа. Па така ни ѓаволот не може да го присили на зло.
Самиот човек според својата слободна волја се приклонува или кон Бог или кон сатаната. Поради тоа не треба да го обвинуваме ѓаволот туку својата зла волја, оти човекот ја предал својата волја на ѓаволот.

 

ФБ:Николај Филотејски