Пример за добро дело

Еден лекар требало да патува некаде, па излегол на улица и на првото такси кое доаѓало му мавнал со раката за да го застане. Откако влегол во таксито, за време на патувањето, лекарот многу се воодушевил од разговорот со таксистот.

- Како се викаш? – го запрашал лекарот?
Таксистот го кажал своето име.

- Која е вашата професија? – прашал лекарот.

- Професор на факултет.

- Професор на факултет и таксист ?! Како?! Заминавте од факултетот? Ви дале отказ?!

- Не. Сеуште работам.

- Тогаш зошто...?! Не ви е доволна платата која ја земате од работата како професор па работите и како таксист и му го земате лебот на друг?!

- Не. Заработувам леб и за друг.

- Како? Не разбирам.

- Oваа кола е на таксист кој неодамна се разболе. И за да не остане неговото семејство гладно, во слободно време, кога немам предавања, јас го заменувам и заработените пари нему му ги носам.

- Господине професоре ми одржавте едно прекрасно предавање. Овој час вашиот волан е најдобрата катедра.

Лекарот извадил од џебот 5 000 драхми и му ги дал на професорот. На заминување лекарот го симнал шеширот во знак на поздравување, и си отишол со исполнето срце.

(Духовен семафор)

Извор: ФБ страна на Николај Филотеев