✜✣✜
Кога некој почне да чувствува силна љубов спрема Бога, тогаш тој почнува духовно да го сака и својот ближен. И кога ќе почне ваквата љубов, таа никогаш не престанува. За оваа и ваква љубов говори целото Свето писмо. Телесната љубов, којашто не е поврзана со духовно чувство, штом ќе се појави и најобичен повод, многу лесно исчезнува.

А духовната љубов не е таква; и кога ќе се случи да претрпи некаква тешкотија, во душата која Го љуби Бога, која се наоѓа под Божјо влијание, сојузот на љубовта не се раскинува, зашто, откако се загреала со топлината на Божјата љубов, веднаш се враќа кон својата добра расположба спрема ближниот, иако можеби претходно бил малку навреден или му била причинета некаква голема штета. Со силата на Божјата благост потполно се отстранува секакво недоразбирање. - Блажени Диадох

Избор од ФБ на Светланка Трајчевска