5) Пастирската служба според св. Василиј Велики
        Неговото светителствување е еднакво со послушанието на ангелите, добродетелите на патријарсите, со ревноста на пророците, со усрдноста на апостолите, со тврдоста  на исповедниците и со жртвата на мачениците. Тој бил челникот на Кападокиската тројка, која ги доразјаснила, дооформила и запечатила во дух и во буква, основните вистини на православната вера и на евангелскиот морал. Неговите творби сведочат дека од рани свештенички години па сé до својата смрт, тој најревносно го благовестувал словото Господово.
         Како голем пастир Свети Василиј Велики за пастирите вели: ,,Пастирите треба да бидат како апостолите и служители Христови и верни на Божјите тајни, исполнувајќи ги со слово, со дела и со јака сила Господовите наредби. ,,Секој човек нека нè смета нас за служители Христови и управници на тајните Божји’’ (1. Кор. 4,1) ,,Вие сте светлината на светот”(Мат. 5, 14); Тие треба да бидат сол на земјата – сите, кои се присоединуваат со нив, се обновуваат со дух за непропадливост и преку небрежност кон суетниот свет се уверуваат во надежта за вистински живот; Пастирите треба да бидат проповедници на царството небесно, за да се уништи оној кој е носител на гревот, и ја држи власта на смртта. „И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно” (Мат. 10, 7).
              Духовниот учител-Тоа е човек кој што на земјата го претставува Спасителот, и е како посредник меѓу Бога и луѓето, и свештенодејствува пред Бога за спасението на нему довереното стадо.
          Свети Василиј Велики објаснува какви треба да бидат свештениците кога ги извршуваат светите тајни, а посебно кога тие сакаат да пристапуваат пред св. Престол, заради принесување на бескрвна жртва. За тоа треба посебна подготовка, која  се состои во следново:
               1. Свештеникот да биде потполно слободен и овластен во вршењето на Богослужбите. Оној кој е под забрана за епитрахил или по судски пат му е одземено правото за чинодејствување, во никој случај не смее да служи ни св. Литургија, ниту да ги извршува светите тајни и обреди.
              2. Свештеникот секогаш кога служи  св. служба треба да се воздржува од јадење и пиење, а уште подобро би било таа вечер да не вечера и алхохол воопшто да не пие т.е после полноќ во уста ништо да не стави. Кој ќе го прекрши ова правило, па така подговен  и мамурен тргне да служи света Литургија, страшно би се огрешил од светињата  на страшните тајни, би се натоварил со тежок грев и би добил уште поголема одговорност и казна од неподмитливиот Судија – Бог. Кој ќе тргне во пијана состојба да пристапи на св. Олтар и св. Служба не знаејќи што прави и што чита, тој не само што би предизвикал соблазна кај присутните и не би ја извршил св. Служба правилно, туку  таквата Литургија не би била тоа што треба да е и. Свештенодејството има свое значење, важност и сила, само ако свештеникот работел и сработил при чиста свест и здрав ум и значењето на истото е во славата Божја и за спасението на верните.
      Почестите кон името на Св. Василиј, се целосно заслужени. Тоа не ја менува ниту ја намалува практична примена на неговите познавања  како пастир на црквата. Значи тој бил теоретичар ама повеќе се осврнувал на пастиркото дејствување  со дела. Така неговите дела секогаш имале морално – практичен карактер и биле службено орудие, помошно средство за поуспешно и по плодородно пастирско служење. Тој вели : ,,Во мене една е целта, да се принесам, приведам во sидањето на црквата. Таа обврска  е несомнено важна по силата на воспитното влијание врз паството, ако пастирот одблиску и непосредно се  состанува лице во лице кон со своето паства и пред нив ја открива својата душа, тој се појавува пред паството остава впечаток не како учен – пообразован, не како оратор, туку како човек, наставник – раководител, пред се како морална личност.


      


               Во периодот на својата свештеничка служба свети Василиј Велики се покажал како вистински црковен пастир. Иако имал слабо здравје уште од детството, тој во животниот и монашкиот подвиг изградил цврста волја, одговорност и големо христијанско трпение и сето тоа го ставил во служба на Бога и луѓето. Тој бил човек целосно посветен на Црквата и народот, на свештенството а посебно и на монаштвото. Го препознале тоа во него и го следеле верно и искрено.
                Пред читателите живо застанувал односно се претставувал во сето свое величие на моралноста, на значаен пастир – воспитувач. Во делата,  вели неговиот житиеписец архимандритот Порфириј, јасно ни ја открил ревноста, грижливоста на Св. Василиј за доброто на целата Црква, за сочувувањето на вистинската вера и еднодушноста кон браќата, длабокото сострадание кон несреќните, мудроста во управувањето со делата на црквата, великодушноста кон сопствената сиромаштијата, строгоста кон наглите престапници, а исто така и неговота скромност, строгото воздржување, мирољубивото обраќање кон непријателите и пламената дружба со луѓето достојни за пример.
                 Делувањето на пастирот во   сферата за грижата на душите не се ограничува, но се простира многу подалеку, вклучувајќи го во себе целиот збир на животните услови, збирот на нештата, под чие влијание се изградува извесен начин на живот, не само општествениот, туку и приватниот, индивидуалниот проникнувајќи и осветлувајќи ги сите темни агли на својот свет, духовниот и душевниот свет на човекот. Релациите без разлика тие дали се социјални, општествени или други се пронаоѓаат на полето на световната мудрост и земните интереси, и не се доближуваат со религиозно–моралните должности на христијанинот, во чиј состав остануваат предмет на пастирската грижа , во кругот на земните односи, и неопходно го испитува нивното влијание врз својот духовно-морален напредок. Тогаш се разбира должноста на пастирот е да ги насочи и морализира тие односи во полна хармонија со главните и повисоките цели на човекот христијанин.
        Неуспесите  во животот, растројството на животниот механизам таканареченото  телесно зло, бара посебна пастирска грижа, бидејќи тоа зло го разрушува спокојството на човекот и во него буди униние (мрзеливост, очајание). Одговорноста на пастирот е оладена, а таа одговорност односно невнимателност се отсликува на неговото паства. Невнимателноста страшно може да ја поткопа љубовта и довербата кон пастирот, и да го парализира успехот на неговото дејствување.
        Во моментите на негрижа за пастирот би било навистина страшно да им говори на слушателите за вистинското христијанско учење, тогаш кога нивните души се нападнати од неволји и тага. Тој треба да делува како ,,добриот Пастир кој ги  прозива по име своите овци" и секој во него да гледа свој другар, ангел, утешител и помошник во секоја  неволја.

 

 

(Продолжува)

 

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ “ – СКОПЈЕ
ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ          „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – СКОПЈЕ

Дипломска работапредмет:
Пастирско богословиетема:


„Пастирската служба според Светите Три Светители“(1)
ментор:  Проф. д-р  Ацо Гиревски , протаставрофор         

 изработил: Зоран Велковски
 Скопје, 2013

 Друго: