Основното учење на старец Тадеј е дека Бог е секаде, и дека помага секому: „И на  слабите и на силните, секому на кого му е помошта потребна. Затоа непрестајно треба да се вежбаме себеси, срцето да го отвориме кон Бог“.


Отец Тадеј вели:

И молитвата е вежба. Ако постојано ја повторуваме молитвата, таа поминува во чувство. За тоа говореле светите оци. Многу луѓе на почетокот на духовниот живот добиваат благодат, но таа, заради нашите гревови, подоцна се повлекува, па потоа повторно се појавува. Кога некој од срце ќе се обрати кон Бог со умна молитва, постепено на неа се навикнува и стекнува радост и мир, кои не се од овој свет. И таа радост се стекнува, па повремено се губи.Но благодната молитва е ниескажана радост, која не може да се спореди со ништо на овој свет.


За дејството на умносрдечната молитва на човекот старецот го говореше следното:

Светите Оци велат дека секој треба да ја практикува Исусовата молитва: „Господе Исусе Христе Сине Божји, помилуј ме“. Кога таа ќе почне сама да се твори, без твојата волја,тогаш тоа е неверојатна, боженствена сила. Чувствуваш неискажана радост. Се ти е омилено, се ти е добро, се ти е свето. Тоа е Боженствена благодат која се дава, не зависи од нашата волја, желба; сама се движи, како некој мотор. Човекот кој ја има таа молитва, што и да види, кого и да види – се радува. Затоа Свети Серафим Саровски на посетителот му велеше: „Радост моја!“ Тоја ја видел боженствената сила во секоја душа, без оглед дали станува збор за душа на дете или на старец, и се радувал.

Отец Тадеј додаваше:

Сите се повикани на светост. Секоја душа е родена света. И големите и малите, сите треба да бидат свети. Бидејќи животот е боженствена енергија, која потекнува од Бог, Изворот на животот, и оттаму сите ја добиваат, и анѓелите и луѓето. Таа енергија е секогаш со нас. А Бог е единствениот Животодавец.

 

Подготви: Сузана Стефановска

24-ти февруари 2017 лето Господово