3) Заедничкото празнување на Светите Три Светители

Светите Τри Светители, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој посебен ден на празнување според календарот на Св. Православна Црква Светите Три Светители, секој одделно имаат ден за празнување во месецот јануари, и тоа: Св. Василиј Велики се празнува на 1-ви јануари, Св. Григориј Богослов на 25-јануари и Св. Јован Златоуст на 27-ми јануари.

sv.GRIGORIJ.PALAMA.jpg


Заедничкиот празник е востановен во XI век за време на владеењето на  царот Алексиј І Комнен (1081 – 1108). Тогаш настанала полемика меѓу народот за тоа кој од овие тројца светители е поголем, по светост, учење, и по беседништво, па некои од нив  се нарекувале Јованити, други Василиевци, а трети Григориевци.  Св. Василиј Велики  го воздигнувале поради неговата чистота и храброст, Св. Григориј Богослов поради неговиот  недостижен длабок ум во богословската наука, а пак  Св. Јован Златоуст за неговата чудесна красноречивост и јасни изложувања на верата.    

Но, за да се дојде до решение на овој спор се јавила Божјата милост која била во полза на Црквата, а за уште поголема слава на Св. Три Светители.

Епископот  Јован Евхаитски (14. Јуни) имал видение во сон, најнапред му се јавиле  сите светители одделно во голема слава и неискажлива убавина, а потоа се појавиле сите заедно. Тогаш му рекле: ,,Ние сме еднакви пред Бога, како што гледаш, помеѓу нас нема делење, ниту било какви меѓусебни противречности. Секој од нас одделно во свое време, поттикнат од Божествениот  Дух, напишал поуки за спасение на луѓето. Тоа што го имаме научено сокриено, го имаме јавно предадено на луѓето. Меѓу нас нема ниту прв ниту втор, ако ти се повикуваш на еден, тука се и останатите двајца. Затоа заповедај им на оние кои се препираат за нас, да ги прекинат споровите, бидејќи како во животот, така и смртта ние се грижиме за да ги приведеме кон мир и едномислие краиштата на вселената. Имај го ова во предвид и соедини еден ден за наш спомен, и како што ти прилега тебе состави ни   служба, а на другите пренеси им дека пред Бога имаме еднакво достоинство.„       

Лазар Мирковиђ, Хертологија, Београд 1961,  103.
Монах Тадија, Пролог, Београд 1984, 76.

Ова убаво видение било причина спорот да се решил, па така бил одреден датум    (30 јануари / 12 февруари, 1084) како заеднички празник за сите тројца светители.          Нивното овоземно живеење е богатство од возвишени чувства, силна волја и света мудрост, украсени со небесни добродетели. Животот и делото на Св. Три Светители се букет од вечно живи благоухани цветови, кои со својата свештена арома будат желба за големи христијански подвизи и ја вознесуваат душата кон Бога.    

Маджуров, Светите Три Светители у античната култура, Софија 1988, 308.                                        
                
4)  Историско-духовниот амбиент на IV век

Почетокот на 4 век е најава за нова епоха во животот  на Црквата. Значаен меѓник во историскиот пат на Христијанската Црква е 313 година кога рамоапостолниот кесар, Константин Велики, со Миланскиот едикт за прв пат во царството и дал слобода на дотогаш забранетата и прогонувана христијанска вера, преку која сега империјата го примила светото крштение.

Црквата излегла од својот принуден затвор и под своите свештени сводови, го примила античкиот свет. Но, тој свет во неа ги внел и своите немири, сомнежи и соблазни, нанесувајќи и голема тага и голема гордост.  Наследниците на Константин Велики ја продолжиле политиката на зближување меѓу Црквата и Државата, со исклучок на Јулијан Отпадник (361-363).   

И покрај тоа што цезаропапизмот во Византија никогаш не бил официјално прифатен, сепак не изостанале и силните обиди на одделни автократори како негови претставници да се мешаат во животот на Црквата.

Времето на големите и славни победи за Црквата,  било и време на големи искушенија и неволји. Многу често во оваа епоха исповедниците на Православието својот животен пат го завршувале во окови и темници, прогони, презирања, но на крајот биле овенчани со маченички венец.

За конечна победа уште било рано да се зборува. Процесот на надворешна христијанизација бил побрз, отколку оној на внатрешната христијанизација. Ова кажано со јазикот на евангелието  се изразувало со зборовите  на ,,ново вино во стари мевов",. Новите христијани со паганска душа со радост ја примале христијанската вера на периферијата на своето битие.  Паганството пак било сеуште витално, посебно во аристократските и академските кругови.  Г.Флоровски, Источни Оци 4 века, Хилендар 1997, 11.
Василии Василиевич Болотов, 1913,  73.
Александар Шмеман, 1994,  106-107.

Надвор од црковната ограда се практикувал пагански живот. Паганските храмови се уште биле отворени, луѓето ги учеле паганските учители, кои ја отвориле полемиката за христијанството. Познатиот оратор, Ливаниј се уште можел да говори за својот роден град, како дом на боговите. Сепак паганските култови биле на изумирање во христијанската империја. Јулијан Отпадник бил разочаран кога видел дека познатиот храм на богот Аполон во Дафне, близу Анитохија, за време на храмовата слава бил празен.

Црквата во моментите на триумф и победа доживува морален пад. Таа е квантативно есхатолошка насоченост, кон Небесниот Ерусалим, а сé поголема е приврзаноста кон земниот град од овој свет.

 

 

(Продолжува)

 

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ “ – СКОПЈЕ
ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ          „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – СКОПЈЕ

Дипломска работапредмет:
Пастирско богословиетема:


„Пастирската служба според Светите Три Светители“(1)
ментор:  Проф. д-р  Ацо Гиревски , протаставрофор         

 изработил: Зоран Велковски
 Скопје, 2013

 

 Друго:

  • Пастирската служба според своето значење и мисија што ја има е неспоредливо поголема од било која друга што се извршува на земјата, а место зазема дури и на небесата, па затоа нејзината димензија е небоземна Господ Исус Христос е Единствениот, Вистинскиот Пастир, а црковните пастири се неговите соработници.
  •  „Пастирската служба според Светите Три Светители“(1)