• „Ќе дојдат времиња во кои само оние што активно го искусуваат дејството на благодатта ќе бидат способни да го разликуваат доброто од злото.
  •  Луѓето нема да бидат способни да изберат меѓу доброто и злото служејќи се само со својот човечки разум.
  •  Ќе има вешти прелести и измами, и само благодатта Божја ќе може да нѐ спаси од сето тоа.
  •  Затоа, моли се – моли се за да не паднеш во искушението на прелеста! Благодатта Божја можеме да ја добиеме само со молитва.
  •  Ако продолжиме да седиме непокајани и да опстојуваме во нашата мрзливост и небрежност, без да се молиме, можеме да ја изгубиме наклонетоста кон покајание.
  •  Господ да чува од тоа да ја изгубиме желбата за покајание!
  •  Устата и срцето кои во секое искушение Му благодарат на Бог, ги добиваат Неговиот благослов и благодат.
  •  Оној што ја избегнува празната слава на овој свет, во својата душа ја чувствува славата на идниот век.
  •  Во животот на христијанинот нема место за самооправдувањето, него никаде го нема во Христовото учење.

 

Старец Јустин Парву

  

Избор од фејсбук страната на: Мина Даниловска

 

Друго: