Picture

Душевните искушенијата кои по Божјо допуштение доаѓаат кај луѓето можеме да ги групираме вака: демонски искушенија кои ги надминуваат границите на душевните сили; одземање на мудроса која луѓето ја поседуваат, чувствување на блудни мисли во себе кои доаѓаат поради смирување на нивните страсти, желбата се да биде поставено по сопствената волја, осудување, презир, потполна заблуденост на умот, хула на Божјото име. Исто така и запоставувањето на луѓето, желбата да бидеме над сите, непрестано да празнословиме, да бараме нешто ново, како и лажното ветување се душевни искушенија.

Се она што набројавме спаѓа во искушение на гордоста. Таа (гордоста) се зачнува во човекот кога тој, самиот на себе си изгледа мудар. Нему се му се случува по мерата колку тој горди помисли усвоил за себе. Доколку согледаш дека некое од овие искушенија е поврзано со некое од претходните знај дека во тебе е влегла гордоста.

Послушај го овој начин (начинот на кој да изведеш заклучок во врска со искушенијата): секоја таква околност и секое страдање ако не е пропратено со трпение е како двоостар меч бидејќи трпеливоста од човекот ја одвраќа несреќата, додека малодушноста е мајка на маката. Трпението е мајка на утехата и сила од која се раѓа од широкоградоста. Тешко е на човекот да ја открие таа сила без Божјиот дар кој се здобива со непрестајна молитва и пролевање на солзи.

Кога е угодно на Бога да го стави човекот под искушенија и дозволува да падне во рацете на малодушноста, тогаш во човекот се раѓа унинието кое го обзема и во кое човекот чувствува потиштеност. Од овде произлегуваат илјадници искушенија: збунетос, раздразливост, хулење, жалење на судбината, изопачени помисли и слично. Ако се запрашаш што е причината за сето тоа, ќе ти одговорам: твојата мрзливост, бидејќи не си се потрудил да се излечиш од тоа. Постои само еден лек за тоа и само со неговата помош човек може брзо да најде утеха. Каков е тој лек? Смиреномудреност на срцето. Без него никој не може да ја сруши преградата на овие зла.

Немој да ми се гневиш зошто ти ја говорам вистината: Ти не си барал смиреномудрие во својата душа. Но, ако сакаш, стапни во таа област и ќе видиш дека ќе се ослободиш од сите зла, бидејќи по мерата на твоето трпение во несреќите ќе се олеснува тежината на патот и ќе добиеш утеха по мерата на твојата љубов кон Бога, а по мерата на љубовта ќе расте и твојата радост во Светиот Дух. Милосрдниот наш Отец кога сака на своите вистински синови да им го олесни искушението, Он не ги лишува од искушенијата, туку им подарува трпение. Нака и нас по Својата благодат не удостои Христос Бог да го пртрпиме секое зло од љубов кон Него! Амин.

Превод: ѓакон Димитар Арсовски
Извор: verujem.org

Преземено од: БОГОПОДОБИЕ