Кога во верата нема љубов

Уште кога бил дете, на еден човек, неговата баба секогаш му говорела:
- „Момче мое, ете кога ќе пораснеш голем и кога ќе ти биде тешко на душата - ти појди во храмот, таму секогаш ќе ти биде подобро“.
Кога човекот порасна, животот му стана неподнослив. Се присети на советот на својата баба и појде во еден храм. И таму некој му пријде: „Немој рацете така да ги држиш!“ Друга дотрча: „Немој тука да стоиш!“. Трета го помести: „Не можеш така да се облекуваш!“ Позади него го опоменуваат: „ Не се крстиш како што треба!“ Тогаш му пријде една жена и му рече: „Човеку, подобро да излезеш од храмот, да си купиш книга за тоа како треба тука да се однесуваш, па после да дојдеш.“ Излезе човекот од храмот, седна на една клупа и горко заплака.

Одеднаш слушна глас: „Дете мое, зошто плачеш?“. Го подигна своето расплакано лице и го здогледа Христос: „Господи, не ме пуштаат во храмот!“ - рече. Исус го прегрна, па рече: „Не плачи, тие и Мене не ме пуштаат во храмот!“

 

Избор од фејсбук страната на : Духовни бисери од светите отци