12079111_1054187474645980_1928452717378843983_n

Еден млад свештеник, проповедник, кој горел со духот да ги запали срцата на луѓето со верата во Бога, дошол во едно село со мртва црква и веднаш започнал со работа, иако во епархијата претходно го предупредиле, дека заминувајќи во оваа далечна парохија залудно ќе го изгуби времето, Црквата во ова село е сосема мртва, луѓето не сакаат.

Но, тој сепак отишол на ризик.

И се разгорела работата. Свештеникот разговарал со жителите на селото, ги посетувал дома, ги советувал, ги поучувал, ги учел, ги повикувал на неделните богослужби. Но залудно. Луѓето, со мрачни лица, оставале ладни и не оделе во црква.

И тогаш, младиот, ревносен пастир, решил да прибегне кон едно многу невообичаено средство, кое граничи со очај.

Во локалниот весник, објавил дека црквата умрела и нејзиниот погреб ќе се одржи следната недела, на пладне. Таквата објава го разбудила селото заспано во царски сон. Вест! Новост! Низ градот се рашириле неверојатни гласини, досетки, сплетки.

Неделата, црквата се преполнила со љубопитната толпа. Да види. Господи, тоа е тоа што сакаме! На видно место стоел ковчег, украсен со цвеќиња. После отпевањето, свештеникот кажал кратко надгробно слово и ги поканил сите присутни по ред да се збогуваат, доаѓајќи да ја погледнат во лице познатата покојничка.

Еден по друг приоѓале кон ковчегот. Но, погледнувајќи во него, кој брзо, збунето го одвраќал својот поглед, а кој во ужас хистерично викајќи, отскокнувал нажален од страшниот постамент.

Свештеникот, на дното на празниот ковчег ставил големо огледало, и секој што ќе погледнел таму, го гледал својот сопствен лик. Тоа и ја изобразувало мртвата црква, која е собрание од луѓето кои во неа доаѓаат. Живи или мртви во духот.

Извор: itreba.org

Преземено од: Преспанско- пелагониск епархија