Според светите отци, Христовото име во себе ја има силата да нѐ подигне.
Со други зборови, оваа Христова (Исусова) молитва има моќ да ја подигне душата што паднала ниско и станала слаба, што станала невнимателна и згрешила.
Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто напуштил, а не знае како да ги поврати почетната сила и благодатта што ги поседувала душата.
Во таква ситуација, светите отци нѐ учат: „Обнови ја молитвата; почни повторно да се молиш – со усните, со умот, или со срцето – и ќе ти се врати онаа изгубена полнота“.
Големиот практичар и учител на на умносрдечната молитва, божествениот Григориј Палама, рекол: „Кога едноста на умот ќе стане трикратна, а сепак, останувајќи едност, тогаш се соединува со Божественото Триединство и ја затвора вратата за секој вид прелест и станува против плотта, светот и кнезот на овој свет“.
Каде што е Христос, Светлината на светот, таму е вечната светлина на другиот свет, таму се мирот и радоста, таму се и ангелите и светителите, таму е величественоста на Царството.

Старец Ефрем Филотејски и Аризонски

 

Избор од фејсбук страната на Петар Георгиевски