„Нашиот Спасител Господ Исус Христос вели: „Без Мене не можете да направите ништо" (Јн. 15, 5).

Добриот човек, сè што прави, го прави со помошта Божја, односно, со благодатта на Светиот Дух. Ако со сопствени сили не можеме да направиме ништо добро, тогаш уште помалку, без содејство Божјо, ќе можеме да ја спасиме нашата душа за бесконечна вечност. Но, за да ја испросиме милоста Божја, за Бог да ја излие Неговата благодат врз нас потребно е и наше искрено делување.

Нашето делување ќе биде изразено преку добродетелен живот, со живот кој е угоден на Бога, со исполнување на редот и поредокот на Црквата, но не само формално, туку и суштински. Со таков живот, ќе можеме да се надеваме и да ја добиеме Божјата наклонетост. Ќе можеме да ја испросиме и да ја здобиеме Неговата поткрепа и сила, за да можеме да живееме угоден живот, исполнет со добродетели.

Така живеејќи ќе ги победиме гревот и престапите кои нè оддалечуваат од Бога, од правдата, од вистината и од вечниот живот“(о.Г.С.)