✣✤✣

Подобро е да се покоруваме и да ја отфрламе својата волја. Ако постапушав така, и во иднина се ќе ти биде добро и радосно.
(Преподобен Исаак Оптински)

✣✤✣

Ако сме немоќни во нешто, треба за тоа да принесеме искрено покајание и да се смируваме, никого да не осудуваме и никому да не му досадуваме.
(Преподобен Амвросиј Оптински)

✣✤✣

Се треба да се прави со стравопочит. Монахот треба да има тивок глас, и скромни постапки. Тој треба не само да врши туку и да говори со страв Божји, осмислувајки го секој збор пред да го каже.
(Преподобен Никон Оптински)

✣✤✣

Влечењето кон телесните страсти е неизбежно за немоќните, инаку и целомудрието не би било скапоцено.
(Преподобен Анатолиј Оптински)

✣✤✣

Треба да се учиме на трпение не тогаш кога не укоруваат кога имаме вина, туку кога не ожалостуваат и укоруваат без вина.
(Преподобен Макариј Оптински)

✣✤✣

При старецот се доаѓаат за скршување на својата зла волја и спознавање на Божјата волја. За твоето смирено прашање Господ ќе ја открие својата волја на твојот старец.
(Преподобен Никон Оптински)

✣✤✣

Оној што се насладува на славата и без лоши дела се лишува од идната награда. Дури и да си бил достоен за слава, пред Бога е порпијатен смирениот грешник исполнет со покајание, одошто гордиот праведник.
(Преподобен Макарој Оптински)

Оптински Цветник
Превод од руски: Агапиј Тивериополски

31-ви јануари, лето Господово 2016

 

Избор од фејсбук страната на :

Агапиј Тивериополски