nikolayguryanov

24/08/2015   Поуки - совети

На 24 Август, си спомнуваме за великиот старец – протоереј Николај Гурјанов (1909-2002). Повеќе од 40 години старецот служеше во храмот на свети Николај Чудотворец на островот Талабск (Залит), во Псковската епархија. И самиот голем старец, архимандритот Јован Крестјанкин велел за протоереј Николај Гурјанов, дека тој е „единствениот вистински прозорлив старец на територијата на бивш СССР“.

„Бидете секогаш радосни, и во најтешките ваши дни не заборавајте да Му благодарите на Бога: благодарното срце, нема потреба од ништо“.

„Не огорчувајте се од неволјите кои ве посетиле: тие се сопатници на животот во нашето оздравување“.

„Човекот кој верува, треба љубвеобилно да се однесува кон сè што го опкружува. Љубвеобилно!“.

„Човекот е роден, за да разговара со Бога“.

„Треба да ги жалиме луѓето кои не веруваат и секогаш да се молиме: „Господи, избави ги од тоа непријателско помрачување“.

„Ние сме сега на гости, а потоа сите ќе си одиме дома. Но само што, драги мои, полошо ќе ни биде дома, ако сме биле на гости и нешто лошо сме направиле“.

„Живеј така, како да ти е последен ден, и утре ќе умреш“.

„Одете и правете добро. Секоја љубов покрива мноштво гревови“.


guryanov

Старец Николај Гурјанов

Извор: преспанско- пелагониска епархија