Чудесното видение на монахињата Евпраксије
 

rajskodrvo.jpgВидов како одиме по еден тесен бедем, кој од двете страни беше засаден со разнобојни мирисни цвеќиња – синолички, каранфили, рози и други цвеќиња, и сите тие беа несвенливи. Во далечината здогледав градина. На дрвото во градината видов детски лица со крилја, со неискажлива убавина. Тие, прелетувајќи од гранка на гранка, го прославува Создателот: „Тие лица што ги гледаш, ми рече Марија, се душите на малите деца. И по нивното заминување од земниот свет, Богородица три дена ги држи во прегратка, додека да ја забрават својата земна мајка. Потоа децата ги носат тука.“ Откако минавме преку тесниот бедем, излеговме, не како претходно на златен килим, туку на зеленило. Малку подалеку видов езеро полно со смрдлива мил. Во него забележав една жена како лежи ничкум. Ја запрашав Марија за жената, и таа ми рече: „Таа била монахиња, и смртно згрешила, но не се погрижила да се покае“. Во тој предел уште видов едно железно дрво. На него видов една девојка како виси на железен синџир, а под неа едно бело куче постојано скокаше по неа и со страшни каснувања ì нанесуваше рани. А таа од болка викаше како луда. „Таа се мачи така, ми рече Марија, зашто била монахиња великосхимница, но го напуштила манастирот и се омажила. (За таква монахиња ми раскажа еден духовник, кога за прв пат слушнав што значи да бидеш монахиња.)

 Потоа отворив една осамена соба, и во неа видов кревет кој наместо душек имаше огнени јазици, а на креветот лежеа маж и жена, коишто на земјата живееле во разврат и не ги почитувале празниците. Понатаму видов жена како лежи во котел полн со млака вода. „Таа, ми рече Марија, сторила многу гревови, и беше казнета со лежење во врела вода. Сега, пак, се намали нејзиното измачување, зашто има чесен син кој, откако станал свештеник, Му се моли на Господа за упокојување на својата мајка; и како што гледаш, неговата молба е услишена.“ Видов и друга жена, којашто стоеше на вратата и потресно викаше за помош. „Нејзиниот син, ми рече Марија, воспитан лошо од нејзина страна, сака да се потурчи. А ако тој падне во такво зло, овој оган ќе се засили, и таа ќе гори целата во пламен. 

Откако го видовме сето ова, продолживме понатаму по несвенливата трева и, одејќи така, видовме безброј дрвја и пред секое дрво по еден шатор. До вратите од секој шатор видовме по еден човек со ведро лице. Минавме и покрај еден човек кој седеше сам на овчка кожа. Го запрашавме зошто седи сам и зошто нема никаква постела, макар за мала почивка, и зошто нема шатор? А тој ни одговори: „Слава Му на Светиот Бог, зашто, бидејќи сум грешен, не сум достоен ниту за вакво место“. Тој знае дека нема ништо друго освен оваа овчка кожа, на којашто седеше, а се удостоил да ја добие зашто на земјата му подарил нешто на еден сиромав човек. „А што се однесува до колибата, нема потреба од неа, рече тој, како што гледате, небото е блиску до нас, полно е со ѕвезди, и нема ниту ноќ, ниту дожд, ниту ветер.“

Потоа ми рече МАрија дека во близина има лествица којашто води во пеколот. Кога ја најдовме, почнавме да се симнуваме по неа кон местото на вечната пресуда. На лествицата имаше 14 пречки, поставени на подеднаво растојание една од друга. Кога навлеговме во густа темнина, се исплашив и ì реков на Марија дека ќе беше добро да имаме ламба. Но таа, држејќи ме постојано за раката, ми рече: „Оваа темнина не може да биде совладана од минлива светлина, зашто буквално може да се допре со рацете.“ На крај се спуштивме до цврста почва. Ми се стори дека е вечер, време кога треба да се запалат светла. Земјата на којашто стапнавме, пуста и ужасна, беше нерамна. Проретчените дрвја беа престарени, суви и готови за горење. Бидејќи почвата беше каллива, неможев да најдам место на кое би застанала. Малку понатаму, пак, во една бездна, видов темнина погуста од првата, а од неа допираа врисоци и страшни лелекања. Не се осмелував да се приближам до бездната, зашто бев многу исплашена. Овој предел, ми рече Марија, е наречен исчезнување.

Набргу здогледавме диви црни демони, со страшни лица и со бедна облека, каллива и крвава. Тие силно и избезумено удираа во тапани. Оваа глетка дополнително го зголеми мојот страв и се сокрив зад Марија; таа малку ме охрабри, така што почнав да гледам на демоните со презир и со чувство на власт над нив. Тие не набљудуваа мирно и заминуваа во насоката на она исчезнување. Потоа, одејќи напред, се најдовме во една долина на која, кога малку застанавме, слушнавме звук кој потекнуваше од морски бранови. Продолживме кон местото од каде допираше тој звук и видовме ужасна глетка. Огнено море бучно удираше со бранови од пламен врз дивиот и стрмен брег, преплавувајќи ја мрачната атмосфера со чад полн со огнени искри. На брегот видовме војник кој ни даде знак и љубезно нè повика да ја видиме одблиску таа страшна глетка. Видовме дека во бранувањето на огнените бранови се превртуваат тела на луѓе и на жени на различна возраст, коишто морничаво викаа барајќи помош: „Изгорев, помагајте“. И навистина беше страшно тоа горење.

Тогаш монахињата Евпраксија за миг го прекина кажувањето, воздивна длабоко, и продолжи со растреперен глас: „Видов и други работи преполни со страв во тоа место на вечна осуда. Но бидејќи сеќавањето на тоа ми ја измачува душата, ќе кажам дека веднаш потоа ја напуштивме таа темнина и тоа место на вечна, безнадежна осуда. Се искачивме по една лествица и се најдовме на оној пат од кој претходно ги видовме градините и собите. Колку прекрасен беше мирисот што се ширешеш насекаде низ овој град, новиот Сион! Сега веќе ги слушнав и ангелите како пеат крајно совршено, со чудесна хармонија, онаа вечна ангелска химна: Свет, Свет, Свет ... Слушнав само глас, но ангелите не ги видов. Ми се стори дека се горе, на она златно небо, но се слушаа како да се блиску до нас. 

 

 (продолжува)

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

ВРАЌАЊЕ ОД ДРУГИОТ ЖИВОТ (IV дел) 

ВРАЌАЊЕ ОД ДРУГИОТ ЖИВОТ (III дел) 

ВРАЌАЊЕ ОД ДРУГИОТ ЖИВОТ (II дел) 

ВРАЌАЊЕ ОД ДРУГИОТ ЖИВОТ (I дел)  

Посети:{moshits}