Мој си е мmorkov.pngорковот

 Една стара жена после својата смрт се нашла пред Божјиот суд. Детално разгледувајќи го нејзиниот живот, Судијата не можел да најде ниту едно дело на милосрдие, освен еден морков што му го дала на некој просјак. Сепак, и силата на еден единствен чин на љубов била доволна да ја испрати во morkov.pngрајот. Морковот бил донесен и предаден на жената. Како што го зела, таа почнала да се крева нагоре, небаре ја влече невидливо јаже. Во тој миг, некој бедник се фатил за крајот на нејзиниот фустан, за неговата нога се фатил некој трет и набрзо се формирала цела низа на луѓе што се качувале во рајот, фатени за морковот. Жената не почувствувала никаква тежина и бидејќи не гледала воопшто долу, не ни забележала што се случува. Се качувале сè повеќе и повеќе, сè додека не стигнале до самите врати на рајот. Во тој миг, жената се свртила да погледне за последен пат кон земјата и под себе здогледала цела низа на луѓе фатени за неа.

 Колку се разгневила! Им се заканила со раката и викнала: „Марш, подалеку од мене! Мој си е морковот!“ Додека така мафтала со раката морковот ѝ паднал и таа почнала со голема брзина да паѓа надолу повлекувајќи ја со себе и целата своја придружба.

 Само едно е причина за сето зло на земјата: „Ова е мое!“

Извор: Бигорски манастир

03.07.2013