Владата на Демократска република Конго, во контекст на соочувањето со големите народни и економски проблеми во земјата, објави повик преку Првата Дама, сопругата на Претседателот на Републиката, каде го повикува народот на пост, покајание и исповед на гревовите пред Бога.

Карактеристично е тоа што повикот доаѓа од Претседателството на земјата, а не од религиозните водачи. Повикот е во рамките на случувањата за педесетгодишниот јубилеј на независноста на земјата.

Од народот на Конго се бара, помеѓу другото, тридневен пост од 26 до 29 Јуни. Во овие рамки, на Божествената Литургија во црквата на светиот Николај на елинската заедница, се најде и министерот за финансии, во својство на претставник на Претседателот на Републиката.

Од страна на Претседателството на државата, за претседател на Комисијата за координација на религиозни случувања беше поставен Претставникот на Православната Црква, Проректорот на Православниот Универзитет на Конго „Свети Атанасиј Атонски“, господин Теодор Фумунзанза, кој е, исто така и Декан на Педагошкиот државен факултет во Киншаса, а студирал во Солун.

Текстот на Претседателството на Конго гласи вака:

Повик на Првата Дама на Демократска република Конго кон Народот Божји на Демократската република Конго за пост, смирение, покајание и исповед.

Возљубени браќа и сестри, Народе Божји на Демократската република Конго, љубовно ве поздравуваме сите во Името на Семоќниот и преславен Бог и наш Небесен Отец!

Со Нашата тројна личност, како ќерка на Божјите слуги на нашата земја, како Мајка на Народот и Прва Дама на Демократската република Конго.

Во маргините на празнувањето кое ја одбележува независноста на земјата, нашата сакана и убава земја, која се стекна со независност во жалост, и покрај многубројните и чудесни Божји ветувања, изразени мајсторски во нашата народна химна, треба да објавиме слободно и храбро дека за време на педесетте години кои поминаа:

- Сите ние не се погриживме за остварување на љубовта еден кон друг.

- Сите ние заборавивме да ја чуваме нашата татковина и да го пазиме општото добро, кое ни го оставија во наследство нашите претци.

- Сите ние се одвративме од Вечниот Создател на оваа убава и богата земја.

- Сите ние се заслепивме од егоизам, расизам, омраза, злопамтење, неправедност, насилство, раздорувачки и назадувачки војувања, криза на глад, сиромаштија и други проблеми. Сходно, ги молиме пастирите на сите верски исповеданија да дадат заповед на својата паства да нѐ последува во оваа духовна борба:

Постејќи со тримир од Сабота, 24 Јуни до Вторник, 29 Јуни 2010, во духовно смирение на чедата Божји и во продолжение на вообичаените наши обврски. Исповедајќи си ги гревовите еден на друг, пред Бога и пред луѓето.

Да се собереме сите заедно и да ја совршиме оваа духовна борба:

На големиот стадион на нашиот град или село, од 15 до 18 часот. Така ќе се бориме духовно и согласно со Светите Писанија, кои ги почитуваме:

- Светото Писмо, како што пишува во Втората книга на Летописите (7, 14), со овие зборови: „…и Мојот народ, кој се именува со Моето име, се смири, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова.“

- Коранот (4,16) пишува вака: „Оние, кои се каат, се поправаат, се приврзуваат со Бога и Му исповедаат несомнена вера, тие ќе бидат заедно со верните. И Бог ќе им даде на верните огромно добро.“

Бог да ја благослови Демократската република Конго и нејзиниот народ. Ви благодариме.

Преземено од Ромфеа

Извор: http://romaia.blog.mk/