TViTer818

Помодарска религиозност

За разлика од денешните христијани, верниците од ранохристијанската Црква не измислувале национални и верски непријатели, туку од сите создавале пријатели . Кога ја запознале возвишената и неизвалкана правда на Христовиот живот, добро разбрале дека најголемиот непријател на човештвото не е некаде надвор, туку во злото на сопственото срце. Да се бориш против него, тоа е Евангелието. Се друго е политика.

Во време на нарушени и изопачени духовни вредности, кога поимот за гревот го изгуби своето вистинско значење, кога употребата на разумот стана извор на стрес, а заблудата стана утеха на духот, повикани сме да ги подигнеме прегазените духовни принципи : Вистината, добрината и правдата, со збор и со дело.
Меѓутоа, сведоци сме на спротивен процес на лажна духовна реформација, во која религијата добива негативна улога. Наместо нашата нација да биде сведок на потребата од духовни реформи, религијата ја превзема функцијата на опиум, кој всушност ја оглувува свеста за потребата од реформа на човечкото срце и карактер.
Неодамнешните социолошки истражувања покажуваат дека повеќето луѓе од раните 1990-ти само формално ја напуштиле комунистичката идеологија и станале религиозни. Но тие и понатаму ја задржале старата, авторитарна, сталинистичка свест, која ја имале за време на комунизмот. Таа сè уште бара идоли, но веќе не во народните херои, туку во христијанските светители.
Улогата што претходно во човечката свест  ја имаше командант Сава сега е само заменета со Свети Сава. Дежурните виновници за проблемите во општеството, досега видени кај непријателите на револуцијата, неистомислениците, денес се само заменети со припадници на религиозните секти. За повеќето сè уште е поважно кој зборува отколку што е кажано. Сè уште е поважно прашање на кого припаѓате отколку каков карактер имате. Луѓето се уште живеат грешно, но веќе не под плаштот на партиски интереси, туку под изговор на религиозни и национални цели.
Дали таквата псевдо реформација донесе благослов за нашиот народ? Доволно е да се отвори весник и да се види порастот на сите видови криминал. Духовната и моралната состојба на нацијата е полоша отколку за време на комунизмот, кога религијата беше забранета.

Ова потврдува дека денес религијата има погрешна функција - опиум за совеста. Дали некој се обидува да ја потисне свесноста за проблемот на неговата душа - со опивање од алкохол, атмосфера на диско клуб или религиозно искуство - не е важно.
Вистинската религија треба да го ослободи човекот од оптеретеноста! А не да биде одговор на оптеретеноста. Таа треба да  ослободи од фанатизмот, а не само да ја менува формата на тој фанатизам. За да успее во ова, таа мора да проповеда возвишени критериуми. Божјиот закон, Десетте заповеди, кои ќе го укорат гревот и фанатизмот на човечкото срце.
Меѓутоа, популарноста на денешната религиозност лежи токму во тоа што таа не е духовно и морално обврзувачка. Со други зборови, не бара реформа на мотивите на човечкото срце. Не е важно дали мотивите ни се себични, арогантни, самобендисани, не е важно дали сме телесни, одмаздољубиви и кавгаџии, важно е дека сме ние ‘’за Православието’’! А  кои се нашите мотиви за тоа, тоа не е важно.
Не е важно да се придржувате  на Божјите заповеди кои бараат реформа на срцето,но затоа пак е важно да ги чувате обичаите и традициите кои не се морално обврзувачки туку само ја смируваат нечистата совест.
Човечките обичаи никогаш не можат да ја прекорат себичноста, гордоста и телесноста на човечкото срце и затоа се многу популарни, прецизно ја смируваат совеста на човекот пред неговиот грев и му помагаат да греши послободно и похрабро отколку да е атеист.
Без Божјиот закон, човекот не може да стане свесен за самите грешни побуди - себичност, телесност, ароганција - па не може ни да се покае за самиот грев. Се кае само за последиците од гревот преку своите непријатни чувства - вина, напнатост, нервоза, грижа; и неговите лоши постапки - грубост, безобзирност, непромисленост, додека самиот грев и понатаму останува во срцето.
Разумниот повик на Светото Писмо за добрина, нема што да придвижи во скаменетото и закоравено од гревот човечко срце, затоа на таквиот поредок се додаваат концепти како што се: традиција, предци, национална и религиозна припадност - и само ги предизвикуваат праведните и фанатични мотиви на човечкото срце: ароганција, гордост и идолопоклонство.

TViTer817


Наместо човечкото срце да се понизи од признанието  за сопствената духовна сиромаштија, „блажени се сиромашните по дух“ и да го прифати дарот на својата праведност од Бога, за да избегне понижување, тоа, ги провоцира сопствените самоправедни пориви и доаѓа со нив пред Господа  како со препорака. Така ја добиваме присилената помодриска религиозност која се движи од празен формализам до огнен фанатизам. Силата на таквата религиозност лежи во нејзината толеранција кон гревот и нетолеранција кон поинакво мислење.
Вистинските верници на ранохристијанската црква биле клеветени, прогонувани, мачени и убивани,но тоа не ги спречило да ја преплават тогашната најголема светска империја со моќта на Евангелието. Црквата во тоа време немала можност да слуша веронаука во училиштата, но го имала Евангелието во своите раце. Таа не го познавала сјајот и раскошот на величествените храмови, но го знаела сјајот и славата на Христовиот карактер. Таа немала политичка моќ во рацете, но ја имала моќта и силата на Вистината.
Нејзините маченици не пострадаа за својата вера, туку за Христа. За разлика од денешните христијани, тие не измислувале национални и верски непријатели, туку од сите создавале пријатели. Кога ја запознале возвишената и неизвалкана правда на Христовиот живот, добро разбрале дека најголемиот непријател на човештвото не е некаде надвор, туку во злото на сопственото срце. Да се бориш против него, тоа е Евангелието. Се друго е политика.

Соња Савиќ / prijateljboziji.com
За Преминпортал Симеон Стефковски

 8ми јануари 2023 лето Господово