TViTer670

НАЈУНИШТУВАЧКАТА СТРАСТ

          Човекот кој има завидливо срце секогаш води војна во себе. Никогаш не постигнува мир. Дури и зло да извршил, мисли дека успеал. Треба да го сожалуваш тој човек. Да го сожалуваш, бидејќи животот му е полн со комплекси и темнина.
          Завидливиот лесно ќе оклевети, непринудено ќе повредува и ќе осудува како што дише. Завидливиот човек ќе смисли различни методи за да го наклевети и да го доведе човекот на кој му завидува во некаква тешкотија или несреќа. Но, дури и да го постигне сето тоа, тој човек не се задоволува со ништо. Како ќе најде мир некој што е во сојуз со ѓаволот?

TViTer671
            Зависта и  љубомората се големи болести на  душата.
Држете се понастрана од завидливиот човек. Зашто порано или подоцна ќе се обиде да ве повреди и вас. Бидете свесни дека зад „сцените“ се крие еден завидлив човек кој чувствува хедонистичко задоволство од своите постапки.
         Прочитајте што имаат да кажат тројцата големи светители на Црквата, кои ја преживеаја зависта и клеветите на луѓето.
Св. Нектариј Егински: „Како што рѓата го оштетува и  го кородира железото, така и љубомората ја јаде душата што ја поседува“. Зависта најпрво го навредува завидливиот, а потоа оној кому му завидува. Прво си ја јаде душата - како змијата што го јаде желудникот што ја хранел - а потоа го каснува оној кому му завидува. Самата по себе, зависта нема причина за своето постоење, па затоа не може да се оправда. Зависта не знае да го претпостави корисното. Ниту една страст не е поуништувачка од зависта, бидејќи таа ги расипува душите од моментот кога ќе проникне во нив“.
Св. Василиј Велики: „Што поуништувачко  може да има од таа болест? Таа е навреда за животот, болест за природата; таа војува дури и против она што Бог го дал, таа се спротивставува на Бога, таа е неподносливо зло, учење на лукавиот, изум на демоните, сејач на непријателство, залог за пеколот, пречка за благочестието, пат до пеколот, лишување од Царството Небесно“.
Св. Јован Златоуст: „Зависта го претвора човекот во ѓавол“. Го претвора во жесток демон. Од зависта се роди првото убиство; Така се пренебрегна природата, така се оскверна земјата. Ништо погибелно не влегува во душите на луѓето од страста на зависта, која многу малку тагува и предизвикува зло на другите, бидејќи најголемото зло прво го трпи оној што завидува“.


Автор: архим. Павел Пападопулос / bogonosci.bg


За Преминпортал: Симеон Стефковски

 

Декември 2022 лето Господово