Молба

Од каде да почнам,
како да искажам,
до Тебе да се обратам
нешто да измолам.

Дали е сега времето
мене ли ми е дадено,
да не се посрамам
бидејќи зборови незнам да одберам

Желба пуста
излегува од мене
мојата уста
бара време да се искаже

Во бојното поле на мојот ум
се борат пчели со стршлени,
тешко се разделуваат молчешкум
кози од овци.

Сепак прашање ќе поставам
во слава Твоја да биде сакам,
повторно да Ти благодарам
од Тебе сила да измолам.

Земна постојка
која нема да наруши
небесна красота
а нас ќе ни послужи.

Уста на злотвори ќе затвори
Тебе во Светијата Твој ке Те прослави,
Во нас стравот да го умудри
Сведоштво да изнедри:



Не ги оставил Нивниот Бог
уште повеке го зголемил
својот влог,
благодат врз глави излил
до нивните срца се приближил.

Слава Ти Господи, слава Ти,
Твојот слуга Ти благодари,
ќе ја одигра својата роља
само нека биде Твојата воља

 

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

Друго: