Потврда

Како да знам дека сум на добар пат,
кој ќе потврди добро дело
секако без Тебе не го носев својот врат,
ниту можев да се борам смело

После секој чекор правилен
ставаш ли печат неусвоен,
или допушташ искушение негативно
да се усвои тоа што е добро.

Дознав дека смирение посакуваш,
такво име даде на печат,
а трпение наградуваш
кое во предизвик го очекуваш.

Не постои зло околу нас,
освен ако сами не го создадеме,
сé е случка на нашиот раст
во дивови да пораснеме.

Да пополниме паднатост
ум да разбере вечност,
а не да гледаме сенки
кои по нас одат како авети.

Најголема мака со вера се истерува,
најголем Товар со трпение се подига,
најголем оган со смирение се гаси,
така најголеми искушенија во очи стануваат јасни.

Потврда потпишуваш
кога после секој чекор наш
печат втиснуваш,
со нова благодат го залеваш.

Кој друг освен Мудроста
ќе смисли брана
која нема да попушти
награда низ прсти да не склизни.



При крај на патот ли
се разбира ова,
поминаа многу тегоби
пред да се свати тоа.

Сега во ум
бојно поле се смирува,
ќе продолжам по мојот друм
натопено перниче срце поседува,
во кој печат втиснат во подлога срцева
ја отсликува Твојата потврда.

 

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

Друго: