Месечина

Колку ли се одалечуваме
Забораваме и само мудруваме,
А таа постојано не заспива
Но секаде будно не чува.

Мноштво се Твоите ноќи неуморни
Мноштво се деновите насолзени
На твојот човечки род утешител
А за злобникот мачител

Ако ја кажеме вистината
Која ја знае најдобро Сонцето
Ти под својот омофор би го заштитила –
И злобникот

Во ноќите на нашата немоќ
Видливо ја покажуваш твојата грижа
Во деновите на нашиот успон
Мудро не пратиш - о, ти најмила.

Како награда често пати
Се појавуваш  со Сонцето
Укажувајќи дека нема рани
Кои не може да ги излекува Божеството ,
Дека секој човечки раст
Е соединување на две вољи
Кои како две молњи
Удираат на едно исто место,
Осветлувајќи го мракот на темнината
А ние,  ја здогледуваме вистината.


Го доловуваме Твоето смирение
Се радуваме на Твојата смелост,
А Ти не потпирајки се на човечко  мнение
Ја употреби Твојата љубовна зрелост
Одговори на повикот небесен
Седна на тронот прекрасен.

Ех, кога би можело срцево
Иако цело во рани потонато
Да се претвори во одора накитена
Која ке приличи на твоите рамења,
И да и каже на душава
Дека на сите твои патувања
Покрај зафатеноста со сите твои лекувања
Сета, сепак за нас остануваш.

Месечино на мојата тишина,
Месечино на мојата осаменост
Која ја пополнува секоја празнина,
Тивко ја отстранува мојата збунетост,
Учејки ме да пловам по небото,
Се додека не стигнам до Сонцето.

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

Друго: