Подигнете ги порти горништата свои

    Св. Гаврил Велички

Подигни крило орелу
денес  очи да не се веднат надолу,
покажи каде се постави тело
каде денес жубори врело.

Каде Пир се приготвува
Вечера веќе поставена,
Агнецот со Неговите го пречекува
новопрославениот заштитник на верата.

Ангелски Легии се наредиле
од двете страни се поставиле,
двери олтарски бесшумно се отвориле
нов Светија во дом примиле.
Радувај се, Гавриле Велички!

Среде храм сонце зраци не спушти
туку во него се плетат од темјан виулици,
смирна се претворила во пареа
злато исплетело одежда,
Радувај се,  Гавриле преподобни!

Иконостас во овој храм не постои
туку Икони наредени од живи Светии
еден до друг исчекуваат Патријарси
Апостоли околу олтар спремни
Радувај се, Гавриле Светогорски!



На трон седната Богомајка
поглед свртила, свое чедо исчекува
слава негова веќе се пренесува
наши души таа лекува

На престол Пресвета Троица торжествува
од нив Спасител истапува
до солеја Негова става се спростира
раце за посиновување подава
Радувај се, Гавриле, радувај се!

Ете влезот од Царска капија се отвара
безшумен звук од кадилници најавува
ѓакони негова слава објавија
Молитвени усти човечки во раце се претворија
Радувај се, Гавриле, Радувај се!

Подигнете ги порти горништата свои !
преку  вас еве влегуваат Светии Негови,
подигнете ги порти горништата свои
песна непрестано пеат Серафими.

Еве те сега блажени Свети Науме,
Од една страна го придржуваш
оној кој Христос ти го предаде,
а и ти си овде Лесновски Свети Гавриле
кој пример за својот ученик секогаш беше





Со него вие двајца кон олтар се приближувате
меѓу блажени Светии и отци светогорски минувате,
сега во раце Свето Климентови го предавате.

Гаврил поткрепен од свои брака
благослов зема од Богомајка,
поведен ученик Светоклиментов
се појавува пред жезол Христов.

Круна прима за живот достоен
круна прима за Епископ примерен
круна прима за подвиг монашки
круна прима оној кој не се уплаши од бесови.

Наметка прима оној кој страсти преобрази
наметка прима оној кој во Христа се обогати,
Крст зеде оној кој на него распна страсти
Крст доби оној кој сега во вселената засветли.

Паѓајќи пред нозе Христови
Он едно постана со Негови љубови
еве денес преку Него благодат ке ни се подари
очи, срца, души ке ни озари
Радувај се, Гавриле преподобен !

И пак повикувам:
Радувај се, Гавриле Свети преподобни !
Радувај се, о роде човечки !
Радувајте се и вие, о вечни порти
кои ги подигнавте горништата свои !


sv.Gavril.Svetogorec1.jpg


Да видат Слава очи мои
да слушнат глас уши мои,
она што око не видело и уво не чуло
денес на човека се објавило

Срце во утроба негова се разиграло
Горе се подигнало, Бога го прославило,
Гаврил Свети во слава се јави
Божјо благоволение на род човечки се објави !

Радувај се, Гавриле Свети Велички
Кој денес сонцето го засени!

 

Извор:
МПЦ - ОА
Манастир Свети Јован Претеча - Слепче

28-ми мај 2018 лето Господово

 

Друго:

 Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир