Духот
          седма мисла

Ќе слушаме за гласови воинствени –
Н& прорече
За зборови нападни, избезумени –
Н& прорече
Ќе се делиме како жарчиња од оган расфрлени
А од Еден оган сме

Да прогледам – рече слепиот
Отвори ми ги очите Христе – побара човекот
Ти Кој отвораш очи на слепороден
Мојот ум да биде од Тебе воден

Духу на Вистината
Од Бога испратен дар
Очите отвори ги но затни ги ушите
Зарем ќе се запишува она што го зборат лудите
Ќе се слуша ли она што зборуваат недораснатите

Не Те познаа Тебе – Духу на Вистината
Мислеа да Те добијат во прелест
Затоа лагата не ги одмина
Па се покажа зборот нивни невешт

Устите им се гротла незапирливи
Од кои излегуваат зборови нечестиви
Срцето им е тажно скаменето
Далеку од тоа какво да биде детето



Затвори, затвори уши мои
Да не слушам зборови недолични
Кои брат против брата втурнуваат
Заради туѓ есап, наместо да умудруваат

Благодарност и за ден денешен,
Во него дух невесел
Кој слушна зборови раскинливи безбожни
И исправи поглед во далечини


Да собере вистина од бисери
Да напои гради без воздишки
Поглед сонце да пресретне
Со љубов Твоја да се наметне

Духу на Вистината…         

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

Друго:

 

 

14-ти март 2018 лето Господово