МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
„Света Маченица Параскева - Петка" Чикаго, Илиноис, САД

МАСЕDОNIАN ОRТНОDОХ СНURСН "ЅТ. МАRTУR РАКАЅКЕVА-РЕТКА"
2056 Кеdziе Аvе, Сhiсаgо, II 60647

cikago.svpetka3.jpg

Македонската православна црква „Света Маченица Параскева-Петка" е лоцирана во непосредна близина до центарот на Чикаго (downtown)
Можеме слободно да кажеме дека нашата Црква е позната меѓу луѓето како „сеправославна" црква во секоја смисла на зборот. Покрај македонските верници, тука доаѓаат да се помолат на Бога и многу Руси, Срби, Бугари, Украинци, па и Грци, кои, речиси редовно се присутни на светите богослужби. Многу наши архијереи имале прилика со свои очи да се уверат и да го искажат своето задоволство служејќи во Црква со верници што го претставуваат „ Светото православие во мало" (архиепископ охридски и македонски г.г.. Михаил - 1995).
Светите богослужби во МПЦ „Света Петка" се одржуваат редовно секоја недела и за сите поголеми празници. Оваа година беше отслужено и Бдение за празникот на Црквата - 8 август- денот на Света Параскева Римјанка, што очекуваме да стане традиција, а во иднина планираме да продолжиме со служење Бденија и пред другите поголеми празници. Во план е и воведување на служба -Акатист на Света маченица Параскева - Петка.
cikago.svpetka2.jpgЗначаен факт што треба да се спомне за нашата Црква е и тоа што таа пред да стане дел од Македонската православна црква, била катедрална Црква на Православната руска задгранична црква. Во неа е хиротонисан во владика и сегашниот надлежен архијереј на ПРЗЦ за средноа и западна Америка - архиепископ Алипиј. Важно е да се спомне дека во овој Храм има служено и светиот владика Јован Шангајски и Санфранциски, кој во 1994 година е канонизиран за светител на Светата православна црква, почитуван не само од славјанските, туку и од сите други православни верници ширум светот. Денес неговите нетлени мошти се наоѓаат во Сан Франциско.
Овој светител упгге повеќе е значаен за нашата Црква, бидејки за време на својот живот, кон крајот на дваесеттите години на минатиот век бил и во нашата Битола, како учител на знаменитата битолска Богословија" Свети Јован Богослов", каде што се школувале претежно Македонци, но, исто така, и многу Руси, Срби и Чеси. Во тоа време свети Јован бил јеромонах. Голема чест и задоволство е да се посетува таква црква каде во свое време бил присутен и еден од современите светители на дваесетгаот век - голем учител, исцелител и чудотворец. И ден-денес има руски верници кои се присетуваат на тие денови и ни укажуваат на тоа каков благослов е за нас Македонците што служиме во ова Црква.cikago.svpetka1.jpg
МПЦ „Света Петка" има и свој црковен хор кој со своето учество ги обогатува Светите богослужби. Хорот е составен од искусни пејачи од разни возрасти кои во прекрасна хармонија, молитвено ги допираат срцата на присутните верници, молејќи му се на Бога за спасение на секоја православна христијанска душа.
Новина е и тоа што веќе започна со работа православна книжара која нуди духовна литература, икони и разни предмети со црковна намена, не само за нашите парохијани туку и пошироко.
При МПЦ „Света Петка" активно работи и женската секција-сестринство, кое значително помага при организирањето на сите црковни настани.
Ве покануваме во секое време да ја посетите и нашата веб-страница (http://www.mpc-svpetka.com/) каде што можете да се информирате за многу работи во врска со нашата Црква, а тука ви се достапни и разни молитви, акатисти и канони, како и најнови информации во врска со Богослужбите и сите поважни настани.

 cikago.svpetka4.jpg

cikago.svpetka.jpg

 Извор: книгата „По стапките на христијанството во Македонија“

Издавач: МАКЕДОНСКА ИСКРА

Посети:{moshits}