Mitr.Blum.jpg 

Митрополит Сурожскиј Антониј Блум
Недела на преподобна Марија Египетска

sv.Marija.EGIPETSKA.jpg
Денес си споменуваме на света Марија Египетска, светијата од која можеме да се научиме на многу нешта кои нам ни се нужни. Таа најнапред била грешница чија гревовност ја знаеле сите, жена која претставувала предмет на искушение и соблазна за сите. Како станала грешница не знаеме. Дали злото суштествувало во неа самата? Или, пак, била соблазнена, подвргната на насилие? Како станала блудница нема никогаш да дознаеме. Но едно нешто  прецизно. Имено: знаеме за тоа како еден ден пришла во храмот посветен на Божјата Мајка, посветен на онаа која е образец на совршен морален интегритет и целомудрие, и во истиот момент почувствувале дека не може да влезе во него. Не треба да си замислуваме дека некаква надворешна сила не и дозволувала да го престапи прагот. Не! Таа сила веројатно била во неа самата! И тогаш почувствувала дека областа пред неа е премногу света, дека личноста на Мајката Божја е премногу света за да смее да влезе во Нејзино присуство, за да може да стои внатре во храмот посветен на Пресветата Дева.

Но, тоа било сосема доволно за да осознае дека целото нејзино минато е темно и дека од него може да излезе само на еден начин: фрлајќи го од себе целото зло и започнувајќи нов живот. И тогаш не пошла да бара совет, не пошла на исповед, туку заминала од градот во пустината, во врелата пустина, каде немало ништо, ами саде песок и глад и очајна осаменост.

 

  • Таа може да нѐ научи на нешто многу важно. Свети Серафим Саровски на оние кои оделе при него повеќе пати им говорел дека целата разлика помеѓу грешникот кој погибнува и грешникот кој го пронаоѓа својот пат кон спасението се состои во едно: решителност. Божјата благодат е секогаш со нас, но ние не ѝ се одзиваме секогаш, како што се одзвала Марија; како што се одзвала на ужасот кој ја опфатил кога се осознала себеси и заедно со тоа ја осознала светоста, убавината, интегритетот и целомудрието на Мајката Божја, и затоа станала спремна на сѐ, на сѐ за да го промани својот живот. И така година за година, во пост, во молитва, посреде жестоката жештина, во целосна осаменост на сред пустина, се борела против целото зло кое се наталожило во нејзината душа. Затоа што не е доволно единствено да го дознаеме злото; не е доволно дури ниту да го отфрлиме преку силата на волјата: злото е тука, во нашите спомени, во нашите страсти, во нашата крепкост, во штетата која тоа ја носи со себе. Света Марија Египетска се борела во текот на целиот свој живот и на крајот победила. Навистина се подвизувала со добар подвиг, се очистила од прлавштините, и се удостоила да влезе во Божјата област: не во храм, не просто „некаде“ – ами во вечноста.

Таа може да нѐ научи на многу нешта. Може да нѐ научи на она што кога-тогаш мораме да го осознамеме: царствената област, во која влегуваме со толкава леснотија – Црквата, па впрочем и целиот свет кој е создаден од Бога, останал чист од злото, макар што му се покорил, макар што заради нас станал роб на злото. Ако некогаш го осознаеме тоа и почувствуваме дека таму за нас нема место, и како реакција на тоа чувство се покаеме, односно во ужас се отргнемее од самите себе, се одвратиме од себе со непоколеблива решителност – тогаш и ние би можеле да го следиме нејзиниот пример.

Тој пример на нејзиниот животен, на нејзината личност, пат нам ни се предлага како завршен момент на постното време, на таа пролет на животот. Пред една седмица го слушавме учењето, односно призивот на свети Јован Лествичник, кој составил цела лествица (цело скалило) на совршенството, а со помош на која можеме да му преодолееме на злото и да пријдеме кон правдата. А денес го гледаме примерот на онаа која од најголемите длабочини на злото се искачила на висината на светоста и која со зборовите на великиот канон на Андреј Критски ни вели: Душо, Бог може да го обели и очисти прокажаното, не очајувај, макар и да си прокажана...
Примерот на света Марија Египетска нека биде за нас ново вдахновение, нова радост, но и нов предизвик, нов призив, оти залудно им воспејуваме пофалба на светиите, ако во ништо не се учиме од нив, ако не се стремиме да ги подражаваме. Амин.

  Извор: Скопска епархија

Друго:

 

Друго: 

ПОКАЈАНИЕТО НА ПРЕПОДОБНА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА 

Premin57.jpg

 

Митрополит Сурожскиј Антониј Блум
Недела на преподобна Марија Египетска

СИНАКСАР - ОД ПЕТТА НЕДЕЛА НА СВЕТИОТ ПОСТ