Sashko.Nikolovski.n

СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

 

Животот на Златоуст бил тежок и бурен. Тоа е живот на подвижник и маченик. Меѓутоа, Златоуст не се подвизувал во својата келија, ниту пак во пустина, туку сред животната таштина, сред светот, на епископскиот престол, на проповедниковата катедра. Тој бил низ својот живот и маченик, но не до крв. Честопати завршувал во окови, во избеглиштво, прогонет од христијаните во името Христово и во името на Евангелието, кое тој го благовестел како откровение и како закон на животот.

Златоуст пред се бил благовесник и проповедник на Евангелието. Воедно бил многу современ и актуелен учител. Родум е од Антиохија, од татко Секунд и мајка Антуса. По својот верски поглед на светот бил типичен Антиохиец. Годината на неговото раѓање не е точно позната, но се смета дека е мсѓу 344. и 354. година по Христа. Потекнувал од богато и познато христијанско семејство. Татко му рано умрел, па за него се грижела и го воспитувала во христијанскиот дух неговата побожна мајка. Сакајќи, нејзиниот син да добие сестрано и широко образование, таа го дала во училиште кај познатиот многубожечки беседник Ливаниј. А Ливаниј, кога го запазил доброто воспитување кај новиот ученик, восхитено говорел: "О какви прекрасни мајки имаат христијаните"!

Златоуст не бил мислител н филозоф и за него можеме да зборуваме како за учител, моралист и проповедник. Кога станува збор за говорништвото, некогаш, па и сега Атина се гордее со славниот Демостен, Рим со Цицерон, Исток со Ливаниј, а христијанството со светн Јован Златоуст. Тој е ненадминат витез на словото. Уште неговпот учител, познатиот незнабожечки ретор Лнваниј, кога бил запрашан кој можс да го наследи, рекол: "Сакам тоа да биде Јован, но ми го зедоа христијаните". Во душата на свети Јован Златоуст се втемелила Христовата љубов, со која го загрнал целиот свет. Љубовта кон Бога и ближните, кротоста, благочестието, постот и молитвата го краселе ликот на големиот црковен проповедник.

Sashko.Nikolovski.n7

Неговиот морален карактер се формирал доста рано, уште во младоста. Примерот од неговата мајка и нејзините поуки биле утврдени и појачани со поуките на свештениот наставник Мелетиј Антпохијски-Диодор. Световното знаење не го задоволувало, па светителот пред да го остави светот, уште во родителскиот дом се предал на аскетски подвизи. Веднаш, по смртта на мајка му (374. или 375. година), свети Јован добил прилика да се повлече во маиастир недалеку од Антиохија каде поминал четири години, а потоа уште две години во пустина. Во светот се вратил да би се подвизувал и во него. Аскетизмот за Златоуст пред се означувал одрекување, односно внатрешна слобода и независност од светот, како и услов за живот. Во таа смисла, тој останал аскет целиот живот. Златоуст се вратил во светот како проповедник на аскетизмот. "Често сам се молел, ни говори тој, во тие години, да престане потребата за манастири и во градовите да настане таков поредок, та никој никогаш да не би почувствувал потреба да оди во пустиња..." Тој се трудел и животот во градовите да го организира со евангелски начела, во духот на највозвишената филозофија, па поради тоа постанал пастир и проповедник.

Свети Јован Златоуст за ѓакон е ракоиоложен во 381. година од Мелетие Антиохијски, а за презвитер 386 година од Мелетиевиот преемник Флавијан. Во ова време го папишал трактатот "За свештенството". Како млад свештеник свети Јован Златоуст во големпот град Антиохија, држел преубави беседи. Кога тој проповедал целиот град бил возбуден: трговците ги оставале своитс работил-ници, занаетлиите своитс работи, судиитс судниците и сите брзале в црква да го слушнат својот омилен учител, кој како небссен громовник ги кара. но и како родител ги милува. Од тоа време потекнуваат и неговите толкувања на Делата апостолски, Псалмите и на повеќето посланици од апостолот Павле.

398. лето Господово Златоуст е повикан на епископската катедра во Цариград. Повикан е како призиат пастир и учител. Тоа била волјата на клирот, па црковниот народ и на дворот да бидс епископ на главниот град во земјата. Златоуст во Цариград продолжил да проповеда. Со многу љубов и огнена рсвност кон Бога, постојано го поучувал стадото Христово. Созомен кажува дека Златоуст имал обичај да седи меѓу пародот, а слушателите сс туркале околу него, затоа што тој секогаш во нивните души засадувал чистота, љубов, правда, милосрдност и секаква добродетел.

Задачата за морално превоспитување иа друштвото и народот Златоуст ја сметал за најважна. Тој самиот имал впечаток дска проповеда меѓу луѓе за кои христијанството постанало само мода. "Меѓу толку луѓе, говорел тој, не може да се најдат повеќе од стотина кои се спасуваат, па и во тој број сс сомневам". Со горчина зборувал за благосостојбата велејќи: "Безбедноста е најголемото гонење на побожноста, полошо од секое гонење. Никој не ја разбира, ниту ја чувствува опасноста, зашто безбедноста раѓа безгрижност, слабее и ги заспива душите, а ѓаволот ги убива заспаните".

Меѓутоа, Златоуст не говорел само со зборови кои разобличуваат, туку и со дела, дела на љубовта. "Никој не би останал многубожец, доколку ние навистина би биле христијани" зборувал тој. Па затоа создавал болници и прифатилишта, каде ги згрижувал болните, сирачињата, вдовиците и оние кои немале глава каде да потпрат. Ги издржувал и снабдувал со секоја нотреба, им давал лекари, а за надзорници поставувал богобојажливи свештеници. Истовремсно, светителот се грижел и за црковното управување, поттикнувајќи ги сите христијани на работа и на подвиг. Добрите ги сакал н утврдувал во верата и доброто, а лошите ги советувал и изобличувал во нивнитс гревови.

Сето тоа предизвикувало незадоволство кон свети Јован Златоуст, но и судир со еретиците кои ги имало тогаш во Царнград, па и со луѓето од повисоките кругови, дури и со царицата Евдоксија. Златоуст иасекаде имал непрнјатели. Најпрвин меѓу клирот, посебно меѓу монасите, па дури и на дворот мсѓу богатите. Но најголеми противници на овој Божји угодннк биле царицата Евдоксија и александрискиот архиепископ Теофил. Царицата, зашто светителот јавно ја осудувал нејзината раскошност, среброљ убие и присвојување на имот од нејзииите слуги, а архиепископот Теофил, затоа што свети Златоуст ги земал во заштита свсштениците и монасите, кои биле неправедно осудени во Александрија.

Токму затоа, по налог на царицата Евдоксија, архиепископот Теофпло 403. година во Халкидон одржал црковен собор, на кој без да биде сослушан свети Јован Злагоуст е осуден да биде симнат од цариградскиот епископски престол и да биде испратен во прогонство. На срамниот собор "под храстот" меѓу епископите се нашле и издајници кои истапиле против Златоуст како Акакиј Веријски, Северијан Гавалски и Антиох Птолемаидски и го сомничеле за оригенизам. Затоа Златоуст бил исфрлен од патријаршискиот престол, а царот ја потврдил пресудата. Но само што војницитс го повеле светителот преку Босфорот, во Цариград избил голем земјотрес, па народот од страв повикал: "Ако Јован не се врати назад, сите ќе изгинеме"! Под притисок на јавното мнение, царот Аркадиј бил принуден свети Јован да го врати на престолот, а народот се возрадувал.

Меѓутоа, омразата кон свети Јован Златоуст не стивнала. Во јуни 404-то лето Господово, Златоуст по втор пат бива прогонет и испратен најпрво во Кукуз во далечната Мала Ерменија, а потоа но Питиунт. Тука не ги поднел потешкотиите на патувањето и се упокоил по патот на 14 септември 407. година. Триесет години после тоа, т.е. 435. година новиот византиски цар Теодосиј Втори, на свечен начин ги пренел моштите на Златоуст во Цариград и ги сохранил во олтарот на Соборната црква посветена на светите апостоли. Осудата на соборот "под храстот" била оставена надвор од сила со општо сведоштво на црквата.

Сите оние, пак. кои работеле за главата на светителот помииале лошо во животот. На царицата Евдоксија и се распаѓало телото од тешка болест; архиепископот Теофил умрел во неописливи маки; а лажните сведоци се распаѓале од чиреви и гнојливи рани. Така Господ уште во овој живот ги казнил сите оние кои правеле неправда кон чесниот проповедиик.

Sashko.Nikolovski.n1