БЕСЕДАТА ЗА СТРАВОТ БОЖЈИ      

TViTer500Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

Ова се зборови на големиот апостол Петар, зборови кои имаат двојна потврда: небесно вдахновение и сопствено искуство. По небесното вдахновение простиот рибар Петар, стана учител на народот, столб на верата, силен чудотворец. По сопственото искуство тој дозна дека сета негова мудрост и сила е од Бога и одтаму треба во себе да го има стравот Божји. Никаков друг страв, туку стравот Божји.

Лудиот се плаши само тогаш кога молњата ќе севне и громот ќе пукне, а мудриот се плаши од Бога секој ден и секој час. Творецот на молњата и громот пострашен од обете, а Тој не се појавува пред тебе од време на време, како молња и гром, туку непрестано е пред тебе и не се трга од тебе. Затоа не е доволно само од време на време да се има страв Божји туку со стравот  Божји да се дише. Стравот Божји е озон во задушливата атмосфера на нашата душа. Тој озон донесува чистота и леснотија, и благагоухана миризба, здравје. Се додека не се утврди во стравот Божји, Петар беше само Петар, а не апостол и јунак и учител на народот и чудотворец. (Пролог)

TViTer400


2022