3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 ✥ .✥

Otec Pimen
13 July 2017 · Resen

Беа двајца сосем различни луѓе. Едниот прост рибар, а другиот еден од најучените во своето време. Еден крупен како карпа, друг многу ситен. Едниот со пламен карактер, а другиот кроток. Едниот семеен човек, другиот самец. Едниот го следи Христа, другиот го гони Христа. Едниот го знае Христа распнатиот и воскреснатиот, другиот само Христа воскреснатиот. Едниот ја сведочи верата, другиот ја сведочи љубовта. И уште многу разлики може да се набројат помеѓу овие двајца.


Сепак, доволни се и овие овде наброениве за да разбереме дека нити сличностите, нити различностите, ниту образованието, нити човечкиот раст, нити брачниот статус, нити претходното поведение, нити можноста да се живее покрај Христа додека проповедал, нити средбата со Христа Воскреснатиот нè носи во Царството Небесно, туку верата и љубовта од Христа и во Христа и чувањето на овие два небесни дарови до последниот наш здив.


По молитвите на светите Петар и Павле, Господ Бог да ни дарува сила да истраеме во овој наш подвиг!

 ✥ .✥

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 

 

Друго:

 

 Преминпортал

 

 

лого

Извор

TVITer270

П.П.2020

 7ми јули 2021 лето Господово