HRISTOS.KP8

Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 11:35)

Со Него одеше многу народ; а Он се заврти и им рече: ’Ако некој дојде при Мене и не го намрази татка си и мајка си, жената и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик‘.“



Видете го денешново евангелско четиво (Лука 14, 25–35); што значи тоа да ги намразиме своите најмили? Како тоа, да ги намразиме? Нели требаше да ги љубиме?

Накратко. Да, треба да ги љубиме; но секогаш кога ќе бидеме поставени пред краен избор – Богочовекот Исус Христос или кој било (или што било) од тие што ни се најмили, ние Го бираме Него, а не кој било (или што било) од нив, па дури и да се во прашање сите и сѐ заедно.

Значи, заради Господ Исус Христос подготвени сме да се откажеме од сѐ најмило, но од Него, за никого и за ништо, не се одрекуваме.

Тоа го направиле мачениците, тоа го направиле вистинските монаси, тоа го направиле сите свети.

Во очите на светот тоа изгледа како омраза кон татка си и мајка си, жената и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја; да не спомнувам род, народ, татковина и сл. Но, христијанинот најдобро знае дека без вистинска љубов кон Христос не постои вистинска љубов кон никого и кон ништо.

Така и секој од вас, кој не се откаже од сè што има, не може да биде Мој ученик.“



Пресвета Богородице, спаси нас!



Митрополит Струмички Наум

 Извор:

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7352