Одговори на Вашите прашања  

Одговара: отец Горан Тасески

Прашање од Надица: Во врска со „чистотата“ на секој верник. Ме интересира колку дена еден верник треба да биде „чист“,  за да може да влезе во црква.„Чистотата“  се однесува на водењето љубов и дополнително кај жената месечниот циклус. Од некои постари луѓе сум слушнала за 7 дена, од други 3 дена, кое вистинското правило кое треба да се почитува ?

Одговор:
 Точно е тоа дека има различни мислења . Но сепак треба да се раководиме по некој кој има поголемо духовно искуство и познавање на правилата на Светата Црква.
 Според мене блаженоупокоениот патријарх Павле во својот одговор на вакво прашање / Нека питања наше вере .1998г. Београд/дава целисходно објаснување и заклучува, дека жена годека има 'циклус' може да доаѓа во црква , може да зема и нафора и да целива икони , но никако не може да се причестува додека трае 'циглусот', односно 7 дена.
Во врска со вториот дел од прашањето, неможе да се каже несто општо зошто не е исто да се има однос  со својот сопруг или незаконски партнер.Во бракот мажот и жената можат да имаат односи кога не е пост, и секако да не го прават тоа кога имаат намера да одат во црква наредниот ден.Сексуален однос на мажот и жената е благословено за да  имаат деца , или со исклучоци по својата телесна слабост.
 Вон Брак несмее да има никаков сексуален однос , ако тоа се случило тогаш истото со големо покајание  да се исповеда и да се придржува според епитимијата на свештеникот ксаде се исповедал за тој грев верникот.