Grujo.zaBigorski2.jpg

Собор на сите македонски Светители †

Светата Македонска Православна Црква во првата недела од месец октомври, со голема слава и чест го празнува споменот на сите македонски светители, кои со своите богоугодни дела имаат големо значење на само за македонскиот народ, туку и за целиот Христијански свет. Извршувајќи дела достојни за светители, тие се издигнаа кон боженствениот живот и Бог ги овенча со вечни венци на славата.

Grujo.zaBigorski2.jpg

Доколку некој упати поглед кон минатото со сигурност ќе види дека на територијата на Македонија во текот на вековите се раѓале и дејствувале голем број на Христови војници кои умирале бранејќи ја евангелската вистина, и тоа од самите почетоци, кога светиот апостол Павле со Сила, Тимотеј и Лука го ширеа Благовестието за спасение на човечкиот род.

 

    Со божествена проповед го просветивте народот

    македонски, и со лачите на евангелската вистина

    ја украсивте вселената, светители сефални.

    Славејќи Го Христа Господа, Кого Го засакавте

    од својата младост како божји угодници станавте

    жители на небесата, столбови и заштитници

    на Македонската Црква. Усрдно го празнуваме

    вашиот спомен и ви се молиме:

     Бидете застапници пред Христа, нашиот Бог,

    за мир и спасение на нашите души!

 Grujo.zaBigorski2.jpg

Во Македонија, во таа света земја, самиот свети апостол Павле со Сила, Тимотеј и Лука го донесе Христовото Слово за спасение на човечкиот род. Мајката Божја, Пресветата Богородица со стапнувањето (присуството) свое, на македонската земја, ја благослови и таа постана света земја, матица на христијанството за Европа. Денеска ние се молиме на:

    * Свети солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј, богомудри и рамноапостолни
    * Свети Климент Охридски
    * Свети Наум Охридски
    * Свети Гаврил Лесновски
    * Свети Григориј, епископ Охридски
    * Свети Прохор Пчински
    * Свети Јоаким Осоговски
    * Свети Јосиф, архиепископ Солунски
    * Свети Агатангел Битолски
    * Свети Георгиј Кратовски
    * Света Кирана Солунска
    * Свети Никита Серски
    * Света Матрона Солунска
    * Свети Јован Кукузел
    * Свети Александар Солунски
    * Свети Еразмо Охридски
    * Свети Нектарија Битолски
    * Свети Анастас (Спасо Радовишки)
    * Света Васа Солунска
    * Света великомаченичка Злата Мегленска
    * Свети Ефтимиј Солунски
    * Свети петнаесет Тиверополски (струмички) маченици
    * Свети Роман, епископ Македонски
    * Свети Николај, архиепископ Солунски
    * Свети Зиновиј и Зиновија Егејкси
    * Света Тесалоникија
    * Свети Ангел Лерински
    * Свети Христо
    * Свети Никодим Охридски
    * Преподобен Петар Мегленски
    * Преподобен Иларион Мегленски
    * Преподобен Акакил Серски
    * Преподобен Дионисиј Костурски
    * Преподобен ѓакон Јаков Костурски
    * Преподобен Петар Атонски
    * Преподобен Теофил Македонски
    * Преподобен Давид Солунски
    * Преподобен Атанасиј Атонски
    * Преподобен Никодим Елбасански
    * Преподобен Јован Рилски

и сите знајни и незјани македонски светители.

Grujo.zaBigorski2.jpg

Горен ред, (од лево на десно) Св. Јован Кукузел; Св. Иларион Мегленски; Св. Ѓорѓи Кратовски; Св. Злата Мегленска; Св. Лидија; Св. Еразмо Охридски; Св. цар Јустинијан; Св. Синклитикија; Св. Спасо Радовишки; Св. Теофил Мироточив; Св.Теофил Исповедник и Св.Нектариј Битолски. Долен ред, (од лево на десно) Св. Јован Рилски; Св.Гаврил Лесновски; Св. Горазд; Св. Наум Охридски; Св. Кирил Солунски; Св. Климент Охридски; Св. Методиј Солунски; Св. Ангелариј; Св. Сава; Св. Јоаким Осоговски и Св. Прохор Пчински.

 

Според изборот на :А.А.

Друго:

Собор на македонските светители (03.10.2010)