(1888 - 1948)
Новомаченик од комунистичкиот режим
Патот кон Голгота

Mit.Boris.Razumov.jpg

Неврокопскиот Митрополит Борис (Вангел Симов Разумов) е роден на 8/26 ноември 1888 год. во денот кога Црквата го слави споменот на
светиот великомаченик Димитриј Солунски - “Митровден”, во селото Ѓавато - Битолско. Неговиот животен пат по чудесен начин е поврзан со
Божјиот угодник свети Димитриј. На “Митровден” точно после шеесет години, облеан во маченичка крв, тој се претстави пред Господа.
Уште како млад, Вангел пројавил љубов кон Словото Божјо. Третиот клас го завршил во машката гимназија во Одрин во 1904 год. со
одличен успех. Есента 1903 год. неговиот татко загинал во Илинденското востание во четата на војводата Георгиј Сугарев.
Во 1904 година Вангел Разумов заминал за Цариград. Таму тој во храмот “Св. Стефан” го привлекол вниманието на егзархот Јосиф. Тој (Јосиф) му помогнал давајќи му стипендија за Цариградската духовна семинарија, каде што во 1910 год. Вангел го завршил богословското образованието со одличен успех. На 10 јуни во храмот “Св. Стефан”, Неврокопскиот Митрополит Иларион го посветил во монашки, ипоѓаконски и ероѓаконски чин, а во 1915 год. ероѓаконот Борис завршил Богословски факултет во Черновиц - Австрија со степен “Доктор по богословие”.
На 25 ноември 1917 год. ероѓаконот Борис примил монашки чин  од Пловдивскиот Митрополит Максим. Светиот Синод му дал задача да ја
опслужува црквата на бугарската општност во Будимпешта. Од 1924 до 1926 год. тој ја обавувал функцијата “главен на културно-просветниот оддел во Светиот Синод” и бил предстојател на храмот “Св. Александар Невски” во Софија.

Во следните пет години, до септември 1931 год. Архимандрит Борис бил ректор на Софиската духовна семинарија. Потоа до 1935 год. сега како Епископ, Борис е главен секретар на Св. Синод. Во 1932 год. натоварен е со историската мисија за укинување на схизмата на Православната Црква во Бугарија од Цариградската Патријаршија. Преговорите завршуваат успешно на 22 февруари 1945 год.
На 24 март 1935 год. Епископ Борис е избран за Митрополит во Неврокопската епархија. Таму народот торжествено го пречекал со поздравот: “Добре дојде, Владико Свети”. За многу краток временски период Митрополит Борис успеал да изгради над 20 храмови. Го нарекувале “свеста на црквата во Бугарија“ поради неговата исклучителна ерудиција - слободно зборувал тринаесет јазици; и непрекинатата негова борба против атеизмот и комунистичката идеологија. На 29 септември 1948 год. испратил писмо - протест против бесчинствата на комунистичката управа во Неврокопската епархија, до Св.Синод. Митрополит Борис без страв насекаде зборувал дека најголемата
трагедија за народот и Црквата ќе дојде од Советскиот Сојуз, говорејќи за сталинистичките мерки против побожниот народ и православното
свештенство.
Некои од луѓето, неможејќи да поверуваат, прашувале: “Како до Русија?! Па нели од таму ни доаѓаше мирото?! Од Русија ни доаѓаше помош?!
Од Русија ни доаѓаа богослужбените книги и црковната “утвар”?! Што направија со Русија?” А дедо Борис им одговараше: Така е, но тешко на еден народ кој ги примил Христовите светињи и не успева да ги сочува! И ако тој народ не се покае, тешко на тој народ”!
Поради тие зборови, окружниот комитет на Комунистичката партија на Бугарија го прогласила за “непријател број 1” на државната власт. Во 1948год. во “Работничко дело” излегува статија против Митрополит Борис, со наслов: “Еден недостоен служител на Православната Црква во Бугарија”. И покрај сето тоа, Митрополит Борис не ја прекинува борбата за враќање на црковните имоти и веронауката во училиштата, така што непрекинато ја издава брошурата: “КРИЗАТА ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ” каде што основната теза е дека нашето училиште обучува, но не воспитува. Во тие тешки денови на искушенија, дејноста на Митрополит Борис се повеќе се засилува. Методиј Симеонов, внук на дедо Борис раскажува како еднаш дедо Борис од самоубиство спасил еден очаен алхохоличар. Тој од самоубиство го избавил и бившиот кмет на Горна Џумаја - Панајот Тасев, кој трагично ги изгубил жената и трите деца...
Еден ден Борис отишол при блиските, па им кажал: “Дојдов да се збогувам, зашто ова ќе биде посладната наша средба. Синоќа имав видение, мојот крај се приближува. Сонував како падна оган од небото и огнот ме грабна на небо. Наскоро ќе одам да го осветам храмот “Св. Димитриј” во селото Карлово и најверојатно таму ќе биде мојот крај”.
На 8/26 ноември 1948 год. Митрополит Борис отслужил празнична Божествена Литургија во селото Карлово. Последните зборови од негова
проповед во денот на неговото убиството биле: “Секогаш да си спомнуваме и да се подготвуваме за смртта. Спомнувај си за својот крај и никогаш не ќе згрешиш!” Откако Литургијата завршила, Митрополит Борис ја благословил празничната трпеза, но пред да вкуси од неа бил повикан од расчинетиот свештеник Илија Стаменов од с. Хрсово, кој според сведоштвото на народот бил комунистички курир и шпион. Тој бил расчинет поради кражба на црковен имот и пари, но лично бил помилуван од цар Борис III и ослободен од затворот. Расчинетиот свештенослужител побарал Митрополит Борис да му го врати свештеничкиот сан на што дедо Борис без да се двоуми, цврсто се спротиставил бидејќи тоа е спротивно на црковните канони и учењето на светите Отци. Тогаш новиот Јуда ладнокрвно го застрелал пред очите на целиот народ. Последните изречени зворови од устата на Митрополит Борис во часот на неговата смрт биле: “Немој! Вршиш голем грев! ” Илија Стаменов бил осуден на седум години затвор од кои одлежал само три под “олеснати” услови, но подоцна завршил во лудница, притоа непрекинато повторувајќи: “Јас го убив..., јас го убив ... ”


Последната од 76-те издадени стихотворби
на Митрополит Борис (Разумов) звучи како завет на целиот негов живот:

Пат кон Голгота
- Мојата љубов,
- ангелски покров!
- Мојата надеж,
- девствена одежда!
- Моите мечти,
- огнени звезди!
- Моите желанија,
- пламени страданија!
- Мојата рана врст,
- маченички крст!
- Мојот пат кон животот,
- пат кон Голгота!

Извадок од: “Кризата во нашето училиште”1928 год.
Првиот основен недостаток во нашето училште се состои во тоа што тоа само обучува, но не воспитува. Тоа обрнува внимание исклучително само на умот а совршено ја “прескокнува” душата. Тоа дава “образование” (образува), без да негува добродетели. Ги развива само способностите на умот, а ги атрофира силите на душата. Тоа го “изострува” студениот начин на расудување и лажно го нуди топлото чувство на живот. Ја зема главата на ученикот, ја тапчи со суви и мртви познавања создавајќи во неа хаос од “вистини” и заблуди, и најчесто наместо да го просвети умот на детето - го покрива со мрак. Неретко тоа ја користи главата на ученикот како сад преку кој влегува отровот во неговата душа. На тој начин нашето училиште со тоа што обрнува внимание само на едно својство од човечката природа - умот, го осакатува детето внатрешно, водејќи го кон понатамошно духовно растројство и така ја нарушува полнотата и хармонијата на човечката природа и нејзината суштина. Така тоа создава “умствени изроди” и морални чудовишта. На тој начин нашето училиште го разрушува основниот принцип
на секое образование и ја уништува крајната цел: создавање на целосна, хармонична, благородна и воспитана личност. Тоа еднострано “интелектуализирање” во нашето училиште е производ на големата заблуда: - “умствените1 способности се најважни”, и дека умот2 е
сè во човекот. Но, (раз)умот е само една од способностите на човечката природа. Тој не е суштината на човекот! Величината и суштината на човекот лежи на друго место - во Божествената красота на неговата човечност и во величината на неговиот Богоподобен и бесмртен дух.
Нашето училиште, не само што се занимава само со умот на детето и ја игнорира душата, туку прави нешто пострашно - тоа ја одрекува душата! Тоа е вториот смртоносен недостаток во нашето училиште. За нашето училиште сосема е туѓо најголемото, вечното во човекот т.е. неговата душа. Тоа ја презира таа Божествена суштина во човекот. Ја признава само материјата, само телото, и ја одрекува душата. Тоа тежнее да ја сокрие суштинската разлика меѓу човекот и животното, и “гледа” да вметни мисли кај нашата младина дека нивните предци биле човекоподобни животни и дека тие - луѓето се од животинско потекло!
Со такви сугестии станува јасно каков светоглед можат да образуваат тие млади момчиња и какви поуки ќе извлечат за себе како личности и за 1 Рационалните (заб. прев.) 2 Рационалното т.е. рационализмот (заб. прев.) иднината на својот живот. Штом по суштина и род се близу до животните, тогаш нема причина зошто тие (децата, луѓето) со начинот на живеење да стојат подалеку од нив т.е. да станат “скотоподобни3”. Нашето училиште кое што надворешно се развива правилно и расте нормално, како што расте едно здраво животно без душа, внатрешно во својата суштина е “бездушно” и мртво. Тоа е без основен креативен дух, без идеализам и емоции, без добродетели и благородни пориви, без стремеж за возвишени идеали и високи цели; тоа е “материјално”.
Нашето училиште не само што ја одрекува човечката душа, а го одрекува и Вечниот, Апсолутниот Дух, од Кој човечката душа е само дихание.
Нашето училиште го одрекува Бога! Во нашето училиште нескриено на сите можни начини се зборува против Бога и против сè Божествено во човекот, светот и природата. Но и да не е така, штом во нашето училиште не се зборува за Бога, штом Бог е “избркан” од него, значи: тоа е без Бога, тоа е “безбожно”! Кога Бог не се изучува во училиштата, тогаш се одрекува. Штом ние во училиштето ќе престаниме да зборуваме за Бога и душата, тогаш ние со самиот молк - молчеливо проповедаме “безбожие и бездушие”. Не може да има безразлично однесување, т.е. да нема разлика. Всушност, индиферентизмот е одрекување. Во душата и свеста на човекот не може да има целосно “безразлична” состојба: човекот или е согласен или одрекува. Во нашето училиште не само што не се изучува Бог, но јавно се одрекува. А 1888 - 1948)
Новомаченик од комунистичкиот режим Патот кон Голгота штом се одрекува Бог, се одрекува и се руши сè што е Божествено и возвишено во животот на човекот, а со тоа пак се одрекува и се негира човекот и неговата суштина. Нашето училиште е атеистичко! Атеизмот и материализмот проникнаа во нашето училиште и на сите страни почнаа да сеат пустош. Тие темни сили го разрушија сè она што е возвишено и свето, она што е основно и ценето за човекот. Атеизмот е демонска појава, а материјализмот е појава на “животинското” во човекот. И едното, и другото доведени до последна консенквентност означуваат крај на човечноста и културата. Атеизмот го одрекува Бога и сè Божествено во животот на човекот, а материјализмот го одрекува човекот и сè возвишено во него. Атеизмот означува торжество на демонскиот почеток во животот на човекот, а материализмот - начало на животинскиот т.е. бесловесниот... Атеизмот сака да го демонизира човекот, а
3 Денес современиот начин на живот во светот налага токму една таква “скотоподобна динамика” бидејќи како жртви на секојдневната монотонија најголемиот дел млади луѓе живеат “животински”, подражавајќи на животот на едно бесловесно животно. Задоволувајќи
ги најдолните страсти и физиолошки потреби биваме заробени од тој “не типично за човекот” менталитет и начин на живот, па живееме од денес за утре, хранејќи се ислкучиво само со телесна храна како секое бесловесно животно. Закоравеноста на срцето и страстите
не допуштаат Бог да дејствува и да ја освети нашата природа и затоа со таквиот начин на живеење (само материјално) биваме “скотоподобни”. (заб. прев.) материализмот да го направи животно4. И едното, и другото, имајќи иста суштина имаат една единствена цел: разрушување на човечкиот образ во човекот, и уништување на “човекот” во човекот! Во нашето училиште пак, каде што атеизмот и материјализмот се шират слободно, тие разурнувачки сили ја имаат истата крајна цел и ги даваат истите погубни резултати.
Нашето училиште што го одрече Бог и душата, неприкосновено требаше да го одрече и човекот кој е незамислив без душата и Божјата основа
во него. Со тоа, училиштето го одрекува човекот како целина, а во детето гледа само ученик5 во кој не го гледа образот и личноста во него. За нашето училиште е неразбирлива највисоката цел на секое образование и култура: “совршениот човек”.
Како појава, материјализмот и атеизмот - од кои во училиштето се роди целото зло; успешно го вршат своето разрушувачко дело и во
општеството, како определена форма и појава. Формата на материјализмот е социјализмот, а на атеизмот - анархо-комунизмот. Корените на социјализмот се кријат во материјализмот, а пак, корените на анархо-комунизмот во атеизмот. Последната основа на социјализмот е материјализмот; неговата единствена цел - материјалноста, а пак, единствениот извор, појава на анархо-комунизмот е атеизмот; неговата единствена крајна цел - демонизирање на човечката личност.
Социјализмот и анархо-комунизмот меѓу кои нема суштинска разлика, така како што нема суштинска разлика помеѓу материјализмот и атеизмот, дејствително го одрекуваат она што само привидно го утврдуваат.Социјализмот ја одрекува социјалноста и го руши општеството; анархо- комунизмот ја одрекува “човечноста” и ја деградира личноста. Социјализмот е целосно анти-социјално движење! Анархо-комунизмот - целосно “античовечка”појава!
Материјализмот и атеизмот и нивните рожби - социјализмот и анархо- комунизмот во “чудовишни” размери нараснаа во нашето училиште
придобивајќи образ на страшен ѕвер, ѕвер кој во душата на нашата младина ја разрушува секоја возвишена идеја. Тој ја разруши религиозно-
карактерната особина или идеја за Бог, а исто така ја разрушува и социјално- човечката и национално-државната идеја. И откако тој ѕвер во нашето училиште внесе дух на одрекување и распадливост, тој од таму го прогони и националниот дух, обидувајќи се да го замени со духот на интернационалноста и “нетатковиноста”...


Църковен вестник, превод:
брой 10 за 2003 година Ристески Борис Гоце
4 Бесловесен (заб. прев.)
5 “Униформа” (заб. прев.)

По избор на братството од Бигорскиот манастир