Bogorodica.Zastapnica.jpg

Икона на Божјата Мајка -  “Барателка на паднатите”

(се празнува на 5/18 февруари)

“Побарај не, нас погибелните, Пресвета Дево, бидејки не не казнуваш поради нашите гревови, туку не милуваш по Своето човекољубие. Избави не од пеколот, од болката и од неволјата и спаси не.” (Молитва кон Пресвета Богородица пред Нејзината икона “Барателка на паднатите”)

Рускиот народ, верувајќи свето во помошта на Пресветата Богородица, одамна í го дал, напоредно со другите имиња, и трогателното име “Барателка на паднатите”.
Од дамнешни времиња во Русија биле сликани икони со тој назив, а прославувањето на една од нив во средината на ЏВИИИ век го означува почетокот на општоцрковното почитување на оваа икона. И денес во многу градови, села и манастири се наоѓаат копии од таа икона.

Само во престолнината на Русија во почетокот на ЏЏ век имало шест храмови посветени на иконата “Барателка на паднатите”, од кои три се наоѓале во установи и прибежишта за лица болни од неизлечиви болести. Друг таков храм имало во Таганскиот губерниски затвор за криминални престапници. Иконата ја изразува длабоката и благородна мисла на целиот човечки род за Пречистата како за последно прибежиште, последна надеж на изгубените души.
“Паднат” е страшен збор, особено кога не се однесува на физичката погибел, туку на духовно паѓање. “Паднат” означува дека таквиот човек веќе нема да се врати меѓу луѓе што живеат правилен живот, дека тој веќе не му е потребен на никого, дека е бреме за другите и за самиот себе, дека сите го презираат, дека е изгубен за земјата и изгубен за небесата.

Но Пресвета Богородица станува Спасителка и Пронаоѓање токму на такви “безнадежни” и “паднати”. Кога некого го сметаме за неповратно загубен за општеството, а и самиот тој чувствува дека за него сî е завршено, Приснодева, Којашто го набљудува невидливо, со топла мајчинска љубов се зазема за него и му дава нови животни сили во истиот оној миг во којшто изгледа дека тој загинал ‡ физички или духовно.

Што точно и соопштува Божјата Мајка на таквата измачена, пропадната душа -  тоа  е Нејзина тајна и тајна на спасениот од Неа. Но Таа на чудесен начин излева благодатен исцелувачки балзам врз големата рана на душата, го исправува паднатиот и се грижи за него.
Затоа и православните луѓе í оддаваат особена почит на иконата “Барателка на паднатите”, бидејќи Пречистата ги извлекува заблудените од
гревовната бездна, го омекнува праведнот Божји гнев кон нас, грешните, и нî избавува од ненадејна смрт.

Така било и за време на деновите на јавувањето на чудотворната икона во средината на ЏВИИИ век во Таруската околија на Калушката губернија, во месноста Бор, село Вјазовка, во  коешто живеел еден побожен селанец по име Федот Алексеевич Обухов.
Една лута зима, во ноќта спроти Крштението Господово, Обухов на патот го затекнала страшна виулица. Коњите скршнале од патот и застанале во непрооден трап. Селанецот, не гледајќи излез од ситуацијата, истоштен од студот и од напразното талкање низ студената темница, легнал на санката  и почнал да тоне во сон, не чувствувајќи дека се вкочанува од студот. Во тој претсмртен час пред духовните очи на Обухов се појавила иконата “Барателка на паднатите”, којашто тој еднаш ја видел во црквата “Св. Ѓорѓи”, во градот Болхов, Орловска губернија. Но, и во тие страшни мигови, тој со сето свое битие се обратил кон Небесната Царица со молитва за спасение, и ветил дека, како свој прилог, во парохиската црква ќе ја подари иконата “Барателка на паднатите”.
Владичицата ја услишила молбата: еден селанец, што живеел во соседното село, наеднаш под прозорецот слушнал нечиј глас: - Приберете го!

Тој излегол на скалите пред надворешната врата и здогледал впрегната санка, а на неа ‡ Обухов кој едвај давал знаци на живот. Веднаш го внесле во куќата, го измасирале и го затоплиле.
Кога закрепнал, Федот Алексеевич веднаш го исполнил дадениот завет: нарачал да му насликаат копија на волховската икона и побожно ја подарил на парохискиот храм во селото Бор. Оттогаш. таа икона се прославила со бројни чуда. Стотици луѓе, затекнати од физичка и од духовна погибел, но коишто биле најдени и исцелени од Пречистата, ја принесувале својата лепта во храмот. Со скромните прилози на благодарните богомолци, на местото на дотогашната дрвена црквичка бил издигнат храм од камен.

За време на колерата во 1871 година, Борската икона била свечено пренесена со литија во соседниот град Серпухов. И веднаш едно
серпуховско момче, немо од раѓање и со парализирани нозе, се исправило на нозе и, покажувајќи на иконата, рекло: ‡ Еве ја иконата “Барателка на паднатите”! Откако иконата била донесена во храмот, колерата веднаш престанала, а благодарните граѓани на Серпухов подариле на Борскиот храм богато украсено Евангелие. Борската икона и нејзините копии претставуваат особен композициски
тип на оваа чудотворна икона. Во нивниот горен дел стои: “Крштевање Господово” (во спомен на денот во кој се случило чудото со Ф. А.
Обухов), а лицата на Пречистата и на Предвечниот Младенец не се допираат. Оваа композиција припаѓа кон типот “Одигитрија”.

На други икони “Барателка на паднатите” Пречистата исто така е насликана до половина става, со поглед свртен лево од богомолците, но
лицето ì е допрено до лицето на Младенецот (тип “Елеуса” или “Умиление”). Таква икона, којашто пројавила многубројни чуда, одамна постои во московската црква “Рождество”.
Пред иконата на Божјата Мајка “Барателка на паднатите” паѓаат на колена оние што сакаат да се избават од пороците, да го променат
вообичаениот тек на грешниот живот, оние коишто страдаат од болести и
маки. Пред неа мајките се молат за пронаоѓање деца исчезнати без трага, свршените се молат за благосостојбае на бракот кој им претстои, затворениците се каат за своите прегрешенија пред Бога и пред луѓето.

Православна Русија и целиот православен свет знаат дека преку Своите свети икони “Барателка на паднатите” Пречистата Сама ги наоѓа
очајните грешници и ги насочува кон вистинскиот пат.

Bogorodica.Bara.padnatite.jpg

Тропар, глас 7

Радувај се, Благодатна Богородице Дево, Којашто си Го носела во Своите прегратки Предвечниот Младенец и Бог. Моли Го да му даде смирение на светот и спасение на нашите души. Зашто Твојот Син, Божја Мајко, Ти кажува дека ќе ги исполни сите Твои молби коишто се за добро. Затоа и ние, коишто паѓаме на колена, Ти се молиме и Твоето име Го повикуваме, та, надевајќи се на Тебе, да не загинеме, Владичице, бидејќи Ти си пронаоѓање на паднатите.

Молитва

О, Пресвета Владичице и Богородице, Повисока од херувимите и
Попочитувана од серафимите, Богоизбрана Отроковице, Ти што ги бараш
загинатите и Радост на сите коишто имаат маки!
Дај ни утеха и нам, коишто живееме во погибел и тага. Бидејќи освен
Тебе немаме друго прибежиште и помош. Ти Единствена си Застапничка на
нашата радост и како Божја Мајка и Мајка на милосрдието, стоејќи пред
Престолот на Пресветата Троица, можеш да ни помогнеш, бидејќи никој,
којшто прибегнува кон Тебе, не си оди посрамен. Затоа чуј нî и нас,
коишто сега во ден на погибел и тага, паѓаме коленопреклоно пред
Твојата икона и Те молиме со солзи: Избави нî од натежнатите маки и страдања во овој времен живот, нека не бидеме лишени од Твоето сесилно застапништво и од вечната бескрајна радост во Царството на Твојот Син и
нашиот Бог. Амин.

 Извор:Од  книгата Чудотворни икони на Пресвета  Богородица,

 Славјанобугарски манастир Св.вмч.Георгиј Зограф, Света Гора, Атон.

 Подготви. Марија Влакеска