(Продолжение)

   sv.matronamoskovska1.jpg..... Матронушка често ја закачкале децата, дури и ја малтретирале. Девојчето го удирале со коприви, знаејки дека не може да види кој ја повредил. Ќе ја бутнеле во јама и со радозналост ќе набљудувале како ќе излезе оттаму и ќе си дојде до дома. Затоа таа рано престанала да си игра со децата и скоро секогаш седела дома.

Со седум – осум години, кај Матронушка се открил дарот на прозорливоста и дарот на исцеление на болните.

Домот на Никонови се наоѓал недалеку од црквата Успение на Мајката Божја. Храмот бил убав, единствен во седум – осум околни села. Родителите на Матрона се одликувале со длабока побожност и сакале заедно да одат на богослужбите. Матронушка буквално пораснала во храмот, одејќи на богослужбите во почетокот со мајка и, а потоа и сама, користејќи ја за тоа секоја можност. Не знаејќи каде и е ќерќичката, мајка и обично ќе ја најдела во црква. Тука таа го имала своето вообичаено место – од лево, зад влезната врата на западниот зид, каде неподвижно стоела цело време додека траела службата. Таа добро ги знаела црковните песни и често ја следела певницата. Очигледно, Матрона уште во детството го стекнала дарот на непрестаната молитва.

Кога мајка и, жалејќи ја, и зборувала на Матронушка: "Дете мое несреќно!" – таа се чудела:"Зар е несреќна? Твои несреќници се Вања и Миша". Таа сватила дека Бог и дал каде – каде повеќе одколку на другите.

Со дарот на духовно расудување, прозорливост, чудотворство, исцеление, Матрона беше надарена од Бога уште од најраните денови. Блиските забележале дека и се видливи не само човечките гревови, престапи, туку и помислите. Таа го чувствувала приближувањето на опасноста, ја предвидувала опасноста , предвидувала непогоди и несреќи во државата. По нејзините молитви луѓето добивале исцеление од болестите и утеха во невољите. Кај неа почнале да доаѓаат  посетители од околината како и од далеку. Кон куќичката на Никонови нагрнувале луѓе, се влечеле коњски запреги и таљиги (селска кола) со болните. Доведувале неподвижни болни кои девојченцето ги подигало на нозе. Сакајќи да и се заблагодарат на Матрона, тие на нејзините родители им оставале намирници и подароци. Така девојчето, наместо да стане товар за семејството, станала нивен главен хранител.

Родителите на Матрона сакаа заедно да одат во храмот. Еден празник, мајката на Матрона се спремила и го повикала својот маж. Но тој одбил и не отишол. Останал дома, читал молитви, пеел, а Матрона исто така останала дома. Мајка и пак, наоѓајки се во храмот, целото време мислела на својот маж:"Гледај ти, тој да не дојде". И цело време била вознемирена. Литургијата завршила. Наталија дошла дома, а Матрона и рекла:"Ти мамо, не беше во храмот ". "Како не бев? Јас тукушто дојдов и еве се раскомотувам!" А девојчето забележува: "Гледаш татко ми беше во храмот, а ти не беше таму". Со духовното гледање таа видела дека мајка и се наоѓа во храмот само телесно.

Еднаш Матрона и рекла на мајка и: "Мамо спремај се, јас наскоро ќе правам свадба". Мајка и тоа го раскажала на свештеникот, а тој дошол и го причестил девојчето (тој секогаш, по нејзина желба ја причестувал дома). И одеднаш, по неколку дена доаѓаат многу возила кон домот на Никонови, доаѓаат луѓе со своите невољи и жалости, доведуваат болни и за многу нешта ја запрашуваат Матронушка. Таа над нив читаше молитви и многумина исцелила. Мајка и ја прашала: " Матронушка, што се случува?" А таа одговорила: "Веќе ти кажав дека ќе имам свадба".

 Ксенија Ивановна Сафирова, роднина на блажената Матрона, раскажувала како еднаш Матрона и рекла на мајка и: " Јас сега си одам, а утре ќе има пожар, но ти нема да изгориш." И навистина, утрото избил пожар, скоро целото село изгорело, а потоа ветрот го свртел огнот на другата страна, и куќата на мајка и останала недопрена.....

sv.matronamoskovska5.jpg

(Продолжува)

Подготви:С.С. 

БЛАЖЕНАТА СТАРИЦА МАТРОНА (Iдел)

Посети: {moshits}