Одговори на Вашите прашања  

Одговара: отец Горан Тасески

Прашање од Е.: Дали пушењето цигари, е грев или грешна постапка или погрешно? Една пријарелка ми рече дека така му кадиме на нечестивиот?

Одговор:

Да , пушењето цигари е порок , секако дека треба да се бориме со тој порок како и со мнору други кои го валкаат човековото битие.
 Човекот во својот зивот ако сака да се избори за спасението свое со  милоста Божја треба да извојува многу битки со зависностите или срастите во овој свет /како на пример, прејадување , опивање , гледање со страст за да се задобие се она сто е убаво во овој свет..../ . една од тие битки е и тоа да се избориме за ослободивање на зависноста од цигарите, доколку не војуваме со овој порок тогаш  тоа е исто како да му “кадиме” на нечестивиот , но на нечестивиот му “кадиме” и ако не војуваме и со многуте други страсти и зависности од овој свет.
Господ да ви дарува сили да  извојувате победонодна битка над зависностите од овој свет па да ви дарува голема радост, Амин!

 

Друго: