Одговори на Вашите прашања    

 

Презвитер Горан Стојчевски

30-ти  септември  , лето Господово 2014

 

Прашање од Кристијан : Здраво во последно време имав тешкотии па сакав да ви се обратам вам,  имам 14 години и постојано сум преку молитвите со Господ и тој ме утешува во последно време имам тешкотии ме удри кола и никогаш не реков зошто Господи.Во  моето семејство ми викаат, зошто се молиш ке ти даде ли јадење пиење а јас навистина ги сакам моите и никако да ме разберат. Често присустувам на Литургија и тоа ми забранија што да правам.  Боже постои ли некој што ке ми одговори... Сабајле плачев и си викам,  Боже сакам и моите да ги упатам во верата во единиот Господ Исус  Хрисос.  Ве молам за помош и ве молам објавете го прашањето има ли некој кој може да ме утеши освен Господ.

 

Одговор:
Ти си на добриот пат, и секој врви по него како што е повикан, за другите можеме да се молиме за Господ да им го омекне срцето, но да ги натераме на нешто не можеме, оти Господ ја почитува слободната волја на секоја личност и на тоа останува, и никого не може да го присили на добро (бидејќи ние самите сакаме да бидеме во грев или да се покаеме). Ти биди си верен како што си, и труди се и понатаму во литургискиот живот, а твојата вера ќе ги преобрази и нив, но без кавги и докажувања, туку кротко и со сведоштво за Христа.