Со благослов на Неговото Преосвештенство епископот Николај Сораич, по потекло од Требиње, Босна, кој е епископ на Ситка, Анхореџ и Аљаска беше организирана 34-та Дипломска вечер по повод завршувањето на учебната 2006/07 год. на Богословскиот факултет Св. Герман Аљаскин во Кодиак, Аљаска.





Еден од четворицата завршени студенти е и чтецот Александар Божиноски кој е роден во Скопје, Македонија. Со Божја помош и по молитвите на Св. Герман Аљаскин, чтец  Александар го заврши студирањето со одличен успех Magna Cum Laude.


Богословскиот факултет Св. Герман е основан во 1973 год.како пастирско училиште кое ќе соодветствува на потребите за возобнување на свештенството во овој дел од светот. Но само после неколку години од своето постоење ќе прерасне во факултет со сите свои атрибути кои претходно ги немал. На ова место имало и има видни професори кои и ден денес предаваат на институти како Св. Сергеј во Париз и неколку универзитети ширум Америка.

Самата духовност во факултет потсетува на духовните училишта кои постоеле во период кога схоластичката инфлуенција не ги инфицирала Православните училишта како што е случајот денес насекаде низ Православните земји. Духовноста на студентите најдобро може да се согледа од нивниот Литургиски живот. Најголема заслуга за тоа има деканот о. Чед кој преку примерот на светите Кирил и Методиј, Св. Инокентиј Аљаскин, Св. Герман Аљаскин, Св. Николај Јапонски и други се трудеше на најдобар начин да им го преточи мисионерскиот дух- да се сведочи за Господа и проповеда во Името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
 

Goran.sv.Erotej.jpg
 
подготви: Александар Божиноски