Esen.manastir1.jpg

Esen.manastir1.jpg


Esen.manastir1.jpg

По повод патрониот празник на Македонската православна црковна општина „Света Злата Мегленска“ во Загреб, република Хрватска, која се празнува на 26.10 (нов стил), на ден 23.10. 2010 година (сабота) се отслужи воскресна вечерна богослужба, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски г.Пимен, во солужение со парохискиот свештеник, протопрезвитер Кирко Велински и секретарот на епархијата, ѓакон Антоние Попоски.

Esen.manastir1.jpg

Esen.manastir1.jpg

Esen.manastir1.jpg

Esen.manastir1.jpg

Покрај значителниот број на Македонци, кои живеат во Р. Хрватска, на вечерната богослужба присуствуваше и монсињор Владимир Станковиќ, од Католичката црква, кој во исто време ја извршува и обврската како секретар на Светската религија за мир. Имено, монсињор Станковиќ, уште од зачетоците на здружен религиозен живот на Македонците во Р. Хрватска, во средината на 90 тите години, ја помага МПЦО згрижувајќи ги свештениците кои доаѓаат од Р. Македонија, а исто така и денес е активно вклучен во развојот на истата.


Esen.manastir1.jpg

Esen.manastir1.jpg

По вечерната богослужба Митрополитот Пимен одржа предавање на тема Библијата и Македонците, по што произлезе опсежна дискусија со слушателите.

Esen.manastir1.jpg

Следниот ден 24.10.2010 година (недела), во црквата на Роков перивој се отслужи божествена Литургија (Златоустова) од каде присутните верници се упатија на местото каде е предвидено да се изгради македонски православен храм. Таму, пак, се освети вода и се благослови местото за градба и се постави крст. Плацот од 711 м2, во март оваа година, управниот одбор на МПЦО „Света Злата Мегленска“, го купи за 200 000,оо евра.

На чинот на осветување на местот за градба, покрај стотината Македонци кои што живеат во Загреб, присуствуваа и Н.Е. г. Данчо Марковски, амбасадор на Р. Македонија во Р. Хрватска, монсињор Звонимир Секељ, викар на Загребската Надбислупија, Пречасни др. Звонимир Куречич, пребердар во Загребската надбискупија, дон Пејо, парохиски свештеник во црквата „Света Марија Помошничка“, г.Фрањо Дубрович, Комисија за верски заедници на Р. Хрватска и г. Стипе Зеба, Шеф на кабинетот на градоначалникот на Загреб г. Милан Бандич.

   Esen.manastir1.jpg

Esen.manastir1.jpg

Esen.manastir1.jpg

Esen.manastir1.jpg

 За poreminportal.com.mk,
Ѓакон Антоние Попоски