Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Митрополит Тимотеј
Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!
Драги браќа и сестри!

Нашиот Господ уште од самиот почеток на создавањето на човекот, промислува за неговото постоење и живеење. Бог, на луѓето уште при создавањето им дал посебна чест за разлика од останатите созданија. Но, луѓето погрешиле и тоа блаженство што го имале го изгубиле со паѓањето во грев. Љубовта, пак, кон човечкиот род, Господ ја покажува низ целата историја, а с# со желба луѓето да се одвратат од престапи и гревови, и да ја засакаат вистината и правдата, и законот Божји. Бог ја основал и Црквата. Му го дарувал Ерусалимскиот храм на воскресението Христово, дарувал безброј храмови низ целиот свет, каде се принесуваат топли молитви и му се возвишуваат славословија.

Пред малку ги слушнавме зборовите од светото Евангелие; Господ ја создал црквата и $ дал ветување, дека и вратите на адот не можат да ја надвладеат (Мт. 16,18). На црквата Бог $ ги дал клучевите од Царството. Исто така, на црквата Бог $ дал право да ги разделува на верниците Божествените дарови. Во храмот, Божјите очи и срцето Негово престојуваат во сите денови (3Цар. 9,3). Тука Господ го пројавува Своето благодатно присуство и го манифестира Својот глас на љубовта.: „Дојдете кај Мене сите изморени и обременети  и Јас ќе ве успокојам” (Мт 11,28). Се поставува прашање: од што ќе не успокои? - од бедите и од животните тешкотии, од гревот и од душевните маки. Малку е тоа. Он не само што ќе не успокои, туку дава и утеха и облагородување на секоја душа христијанска, која страда и се мачи. Бог со својата милост и помош  дава начин и пат да ги пребродиме тие маки.
Историјата на црквата Христова и нејзиното религиозно искуство ни сведочат за тоа дека во храмот Божји луѓето се удостојуваат со благодатна помош Божја. Во Стариот завет праведната Ана, мајката на пророкот Самуил, ја добила веста дека нејзиното барање е услишано, и таа нема да биде неплодна, туку ќе има син. Оваа вест ја примила во храмот. Пророкот Захариј исто така, во храмот ја прими веста дека неговата жена Елисавета ќе му роди син. Преподобна Марија Египетска, која била голема грешница, ќе се удостои на дарот на покајанието во притворот на храмот. Многумина имаат примено исцелување во храмовите. И денеска течат многу дарови од милоста Божја во храмовите.
Благодатта Божја секогаш престојува во црквата Христова. Со своите молитви црквата го осветува нашиот земен живот. Таа е силна не само кога ни е добро, туку и во тешки моменти, па и во задгробниот живот, бидејќи таа е овластена да врзува и разврзува, и да ни ги отвора и затвора дверите небесни, според правото што $ е дадено од Господа Исуса Христа: „Вистина ви велам: с# што ќе сврзете на земјата ќе биде сврзано и на небото; и с# што ќе разрешите на земјата, ќе биде разрешено и на небото.” (Мт. 18,18)


Според волјата на Бога Отецот и Господа нашиот Исус Христос, патот кон вечниот и блажен живот поминува преку храмот Божји. Во храмот Божји е утврдена скала, која н# води и воздигнува во Царството Небесно. Во храмовите с# н# потсетува и напомнува за Небото, с# го воздигнува нашиот ум и срце кон Бога. И архитектурата на храмот, и живописот, и богослужението, и светите икони, и дејствијата, и обредите, сето тоа сведочи за горното и сето тоа н# повикува кон висините. Храмот Божји - тој е место каде што се извршуваат светите тајни. Тој е училиште на верата и на благочестивоста, кои ни се даваат во името на Бога од престолот Божји, а се даваат од Бога преку избраните од Бога и поставени свештенослужители на црквата.

Во храмовите Божји ние имаме чест да се молиме. Молитвата е неопходен услов за добивање на благодатта Божја. Можно е, па дури и потребно е да се молиме и во нашите домови, но домашната молитва може да биде студена и слаба. Во храмот Божји молитвата на секој од нас е поткрепена и е загреана со општата молитва на христијаните, со молитвата на свештенослужителите, но најглавна е бескрвната жртва за време на литургијата. Во храмовите молитвено се соединуваат земната и небесната црква. Со една уста и едно срце ние го славиме Господа, му се молиме за простување на нашите гревови и да ни подари големи и богати милости.

И ние денеска се собравме во овој свет храм за да го осветиме, посветен на свети Никола Мирликијскиот чудотворец. Храмот не е само да н# потсетува на историските настани, туку тој има и духовна сила, бидејќи ни напомнува на зборовите на св. ап. Павле за тоа дека секој човек - „е храм Божји, и дека Духот Божји во нас живее.” (1Кор. 3,16). Каков е нашиот храм? Дали не е затрупан со куп камења и дали не е осквернет со лоши дела? Но, црквата преку зборовите на богослужението н# повикува: „Обновувајте се браќа”. И стариот гревовен човек да го оставиме и во нов живот да живееме, исполнет со добродетели, добри дела, на што н# повикува Господ Исус Христос со целокупната Своја мисија, преку светата црква.

 Драги браќа и сестри, не е доволно што го изградивте и украсивте овој свет храм, како надворешно така и внатрешно, кој заслужува секаква пофалба, пред с# на црковните настојатели, а и на сите вас што помогнавте да се изгради од темел и да се украси како што доликува на еден вистински храм, особено во охридско. Но, потребно е да градиме жив храм во нашите срца, во нашите души, и да го сведочиме на секое место нашето вистинско православно исповедание, кое треба да биде пропратено и со добри дела. Тогаш ќе имаме полза и духовна и телесна од семилостивиот Господ, а по молитвите и застапништвото на св. Никола Мирликијскиот чудотворец. Амин!

                                                                          

                                         
                                        Осветување на храмот
                                                „Св. Никола”
                                                19.09.2010 год.
                                            с. Трпејца, Охрид