Ве известуваме дека во недела, на 07.12.2014 год., во Соборниот храм „св. Климент Охридски“, со почеток од 16:00 часот ќе се служи празнична Вечерна богослужба, а во 18:00 часот во МАНУ ќе се одржи свечена академија по повод празникот.

  • Следниот ден, на 08.12.2014 год., со почеток од 09:00 часот, ќе се служи Божествена Литургија, на која ќе началствува Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение со повеќе архиереи на Македонската православна црква - охридска архиепископија.