Скопската православна епархија (во соработка со туристичката агенција ДАРО КОМПАНИ, лиценца А бр. 680, тел. 031.413.984 или 071.311.014), со благослов на Негово Блаженство, Архиепископот г.г. Стефан, организира поклоничко патување во чест на света Петка Параскева - Јаши, Романија.
1 ДЕН (30.07. 2014 среда): Состанок со групата во 16.00 часот пред храмот Пресвета Богородица, спроти МАНУ, па заминување кон Бугарија и Романија, (ноќно возење).
2 ДЕН (31.07. 2014 четврток): Пристигнувањето во Букурешт е предвидено во утринските часови. Најпрвин со автобус ќе биде разгледан панорамски центарот на градот, а потоа следи сместување во хотел и краток одмор По одморот ќе бидат разгледани позначајните споменици на градот: Романската филхармонија, Плоштадот на револуцијата, Универзитетскиот плоштад, Манастирот Ставрополеос и Патријаршијата. Следи враќање во хотелот и ноќевање.
3 ДЕН (01.08.2014 петок): Будење и појадок, а потоа заминување кон градот Роман и посета на Архиепископската катедрала Преподобна Параскева и поклонување пред моштите од светителите. По ова следи продолжување на патот за Јаши и посета на храмот посветен на Преподобна Параскева каде поклониците ќе можат да се поклонат пред моштите од светителката, а потоа посета на центарот  од градот. Во вечерните часови следи сместување во хотелот.
4 ДЕН (02.08.2014 сабота): Будење (ПОЈАДОК ЛАНЧ ПАКЕТ), и заминување на литургија во храмот на Преподобна Параскева. По завршувањето на литургијата - заминување за Пјатра Њамц и посета на манастирот Успение на Пресвета Богородица - Бистрица. Во попладневните часови се планира продолжување на патот за Брашов и сместување во манастирот Воздвижение на чесниот Крст - Карајман.
5 ДЕН (03.08.2014 недела): Будење и појадок, а потоа разгледување на Брашов, Црната црква (€ 2) и Православниот соборен храм Успение на Пресвета Богородица. По ова следи заминување за Синаиа и посета на манастирот посветен на Пресвета Богородица -  Синаиа и на царскиот двор Пелеш (€ 5). Во попладневните часови следи заминување за Скопје (ноќно возење).
6 ДЕН (04.08.2014 понеделник): Пристигнувањето во Скопје е предвидено во пладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 9.500.00 ДЕНАРИ: ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: КОПИЈА ОД ПАСОШ КАДЕ ШТО СЕ НАОЃА СЛИКАТА. Курсна листа: €1=4.3 леи и $1=3.3 леи
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: Патничко осигурување, автобуски превоз, 2 сместувања во хотел на база на ноќевање со појадок и 1 сместување во манастир на база ноќевање со појадок. Во аранжманот не се вклучени влезници за музеи и цркви.
Последен рок за пријавување е 25 ЈУЛИ 2014 година, до кога ќе треба да се уплати и да се достави копија од пасош. Личните податоци може да се испратат и по интернет: име и презиме, матичен број, број на пасош, контакт телефон и место на живеење.
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ секој ден по 13.00 часот, на тел. 070.582.588 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или  на Skype: mopavlovic
Поклониците кои ќе сакаат да понесат дар за гореспоменатите светители, може да го направат тоа, но во согласност со православната традиција.
Исто така, доколку некој сака да понесе од дома некоја икона или сличен предмет, за да го положи врз моштите, истото може да го направи и потоа предметот да го врати дома, благословен од светителите.
Жиро сметка: ДППУ Даро Компани ДООЕЛ - Куманово, Централна Кооперативна Банка 320100004091752