ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ ПЕТАР ЦЕТИЊСКИ И СВЕТИ ВАСИЛИЕ ОСТРОШКИ - ЦРНА ГОРА
ОД 04 ДО 06 АПРИЛ 2014 ГОДИНА 
Скопската православна епархија (во соработка со туристичката агенција ДАРО КОМПАНИ, лиценца А бр. 680, тел. 031.413.984 или 071.311.014), со благослов на Негово Блаженство, Архиепископот г.г. Стефан, организира поклоничко патување во чест на свети Петар Цетињски и свети Василие Острошки - Црна Гора.
1 ДЕН (04.04.2014 петок): Состанок со групата во 21.00 часот пред храмот Пресвета Богородица, спроти МАНУ, па заминување кон Косово, Албанија и Црна Гора, (ноќно возење).
2 ДЕН (05.04.2014 сабота): Пристигнувањето во Цетиње е предвидено во утринските часови каде што најпрвин ќе биде посетен манастирот посветен на свети Петар Цетињски и ќе можат поклониците да се поклонат на моштите од светителот, како и на дел од чесниот Христов Крст и на десната рака од свети Јован Претеча. Следи продолжување на патот кон манастирот Свети Василие Острошки, а пристигнувањето во манастирот Острог е предвидено во попладневните часови, по што следи сместување во манастирот.
3 ДЕН (06.04.2014 недела): Будење, а потоа заминување на Литургија. По Литургијата следува тргнување на пат кон Подгорица и кон манастирот Дајбабе (Успение на Пресвета Богородица) и негова посета како и поклонување пред моштите на свети Симеон Дајбабски, а потоа заминување за Скопје. Пристигнувањето во Скопје е предвидено во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3.300 ДЕНАРИ: ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: КОПИЈА ОД ПАСОШ КАДЕ ШТО СЕ НАОЃА СЛИКАТА.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: Патничко осигурување, автобуски превоз, туристички такси за Црна Гора, сместување во манастирот (во повеќекреветни машки и женски соби со тоалети во ходник) на свети Василие Острошки и транспорт до гореспомнатите локалитети.
Последен рок за пријавување е 31 март 2014 година до кога ќе треба да се уплати и да се достави копија од пасош, а и да се потврди во кој конак ќе се ноќева (во горниот во близина на светителот или во долниот конак). Личните податоци може да се испратат и по интернет: име и презиме, матичен број, број на пасош, контакт телефон и место на живеење.
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ секој ден по 13.00 часот, на тел. 070.582.588 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или  на Skype: mopavlovic
Поклониците кои ќе сакаат да понесат дар за гореспоменатите светители, може да го направат тоа, но во согласност со православната традиција.
Исто така, доколку некој сака да понесе од дома некоја икона или сличен предмет, за да го положи врз моштите, истото може да го направи и потоа предметот да го врати дома, благословен од светителите.
Жиро сметка: Д.П.П.У. Даро Компани Д.О.О.Е.Л. - Куманово, Централна Кооперативна Банка 320100004091752