Г Р Ц И Ј А – ОСТРОВОТ  Е В И Ј А-  Посета на манастирот на свети Јован Руски

14 – 16 февруари Поклонение на неговите свети мошти Ден 1

( 14. февруари, петок ) Состанок на групата пред Спортската сала "Младост" во Битола во 22:00 ч. и поаѓање. Влез во Грција на граничниот премин Меџитлија – Ники. Ден 2

( 15. февруари, сабота ) Ноќно патување, преку градот Кожани, приклучување после Верија, на автопатот Солун – Атина. Со попатни паузи, пристигнување на островот Евија во утринските часови.

Пауза во гратчето Халкида- прв град на влезот во островот Евија ( втор по големина остров во Грција, после Крит, поврзан со копното преку мостот Папа-Никола ).

Сместување во мотел во близина на Халкида. Ден 3

( 16. Февруари, недела ) Поаѓање кон селото Прокопи, во северниот дел од островот, во кое се наоѓа манастирот на Свети Јован Руски.

Присуствување на Света Литургија.

Поклонение на моштите на Свети Јован Руски, зачувани цели, чудотворни и исцелителни, поради неговиот свет живот во Христа ( родум од Украина, заробеник и продаден како роб во Турција, слугувајќи на Турчин, но служејќи Му на Христа, без да се откаже од својата вера ).

Враќање во Халкида.

Пладневна пауза. Поаѓање кон Македонија.

Со попатни паузи ( пауза во Волос ) и гранични формалности, пристигнување во Битола пред полноќ.

Цена на аранжманот : 80 евра Во цената на аранжманот е вклучено: - Патување на наведената релација со високотуристички автобус; - Едно ноќевање во мотел; - Патничко осигурување; - Водич и пратител на групата. Краен рок за пријавување: 11 февруари.
телефон за контакт
075/078 408 309