Да не дозволиме светот да нè направи помалку луѓе

Се менуваат годишните времиња.
А со нив се менуваме и ние.
Се менува нашето расположение,
нашата психичка состојба,
начинот на кој ги гледаме работите.
Има светли денови, но има и потешки,
денови кога срцето се отвора,
и други кога му треба малку време повторно да си го најде својот ритам.
А сепак, низ сите тие промени,
да се обидеме да ги зачуваме недопрени
оние најдлабоки нешта во нашето срце.
Љубовта.
Солидарноста.
Милоста.
Сочувството.
Прегратката за другиот.
Подготвеноста да слушаме, да разбереме, да оставиме простор.
Зашто можеби се менуваат годишните времиња,
се менуваат околностите,
се менуваме и ние...
Но да не му дозволиме на светот да нè направи помалку луѓе.
Да го зачуваме срцето меко.
Да имаме место во него за туѓата болка,
за туѓиот молк,за нечии слабости,
но и за туѓата радост.
Да, нема секогаш да бидеме добро.
И тоа е дел од животот.
Тоа не значи дека не сме успеале во животот.
Тоа значи дека сме луѓе.
Да го слушаме своето тело,
кое многу често ни покажува знаци
на замор, грижа, стрес...
И да го забавиме темпото,
да разговараме, да го кажеме она што го носиме длабоко во себе,
пред да нè задуши, пред да нè парализира...
Затоа е голем благослов да имаш човек со кого можеш да разговараш без страв.
Да се отвориш без страв дека ќе бидеш отфрлен.
Да ги покажеш своите слабости без да се плашиш дека поради тоа ќе паднеш во неговите очи.
Да, голем благослов е да имаш човек кој ќе те види како попушташ, како плачеш, и наместо да те осуди, ќе те прегрне со љубов и разбирање.
И тоа навистина ослободува...
Сите ние носиме нешто во себе.
Затоа никогаш да не ги осудуваме другите строго. Не знаеме низ што поминува секој човек, како се чувствува, какви рани носи во себе, колку грижи поднесува, со колку вина се бори...
Кога би можел животот да биде исполнет само со радости.
Но не е.
А знаете ли нешто?
Ако ни се даде можност, барем за миг, да ја понесеме туѓата болка — особено кога и самите го носиме својот крст — Бог длабоко се трогнува.
Зашто тогаш, среде сопственото страдање, избираме да бидеме потпора за некој друг.
И нема ништо посвето и поблагословено од тоа!Архимандрит Павел Пападопулос
Подготви С.Стефковски